Како е доста модерно и популарно да се возат fixie точаци, да споделам искуство што го имав со еден прилично добар fixie точак.Повеќе ми е поентата да пишам за начинот на возење fixie, одколку за конкретниот точак. Точакот што го возам овие неколку дена е Bianchi Pista

.
Ај прво што е тоа fixie? Кај fixie точаци има една брзина и педалите се директно врзани со движењето на тркалото, Односно го нема моментот да тркалото се движи а (курблите) педалите стојат. Ова значи дека треба постојано да вртиме на педалите, дури и на спуст.
Ова прави да е возењето по малку и опасно, ако се нема осет што и како. Иако возам разни точаци долго време, бидејќи не сум возел fixie прво отидов на кеј, далеку од сообраќај а во исто време и да се наместам.
Точаков што го возев е Pista Рам, и се карактеризира со геометрија што те става напред во позиција за спринтање, и е надграден со Bull Horn Handlebar што прави уште поагресивна спринтерска позиција. Кочница има само предна (задна кај овој тип точаци е вишок).
Ми требаше релативно кратко време да сконтам што смеам, што не смеам да правам, и малку пробував низ парк, па излегов меѓу сообраќај. Инаку педалите му се со корпи, и во прво време возев без да сум во корпите, а после почнав со нозете во корпи. Дури почнува да ми личи дека е доста побезбедно да возиш со нозете во корпи. Ова бара малку навикнување и не смее да те фати паника ако треба да ја извадиш ногата од корпата. Еве неколку нешта што може да се интересни за некој што размислува ваков точак:
1. Тргање - Kaj нормален точак, ги поместуваш педалите наназад дури не ги наместиш во позиција погодна за тргнување. Овде или треба да тргнеш во не секогаш идеална позиција на педали, или да се подигне задниот дел па да се намести позицијата со тркалото во воздух. Ова бара и малку вежбање, бидејќи лесно се поминува идеалната позиција на педалите дури е тркалото во воздух.
2. Влегување во кривина. Бидејќи го нема моментот да педалите се хоризонтални и да така ја фатиме кривината, туку цело време вртиме и во таква позиција лесно може да педалата удри долу и да не измести, влегување во кривина или вртење е нешто што бара планирање. И никако да се заборави дека треба да се вртат педалите

После 20 -тина минути веќе скоро да не размислував, само што треба да се фаќаат кривините во поширок лак и поисправени.
3. Спуст - Е ова е малку зезнато, бидејќи како се забрзува точакот, така се забрзува и вртењето на педалите, односно треба со нозете да се трудиме да вртиме наназад, односно да одиме контра силата што се пренесува од тркалото. После извесно време и ова веќе не ми беше голем проблем, мада веројатно на долг и стрм спуст ќе биде прилично зезнато. И е нешто што бара јаки нозе.
4. Качување по тротоар - Ова ми успева ако ми се погодат педалите во нешто над хоризонтална позиција, за да се погоди моментумот на вртење на педали и подигање на предно тркало. Во спротивно морав да застанувам за да се качам на тротоар. Веројатно со вежбање од неколку дена ќе немам проблем и за ова.
5. Спуштање од тротоар - Полесно ми е од качување, ама сеуште немав контрола како што треба. И да.. Никако да се заборави дека мора да се вртат педалите

6. Кочење / Успорување - Е ова е нешто што го совладав релативно брзо, иако не се осеќам сигурен дека ќе можам да закочам нагло ако нешто ми излезе одеднаш.Предна кочница доста помага, мада и самиот осет што го имаш под нозе прави да релативно лесно успориш. Директно си поврзан со точакот и патот, и ти си моторно кочење. Ова е активност што прави воспаление на мускули, и е доста честа кај fixie -во. Инаку како поминуваше денес време, така појако и подобро кочам со нозе (мада ко да имам благо воспалени на некоја друга група мускули него обично).
Од почеток го возев полека, ама пошто е лесен рам и спринтерска позиција, почнав да го возам побрзо, па после некое време дури и да се тркам со коли (многу брзо стартува). Кај обичен точак се вози по релаксирано, кај fixie -во мораш да планираш и линија по која ќе возиш, и да предвидиш да не се случи нешто неочекувано (на пример гледам застанато такси и претпоставив дека можда ќе ми отворат врат и избрав линија на движење да може да избегнам ако тоа се случи. И баш тоа се случи.. Таксистот ми отвори врата. Да не испланирав такво сценарио веројатно ќе имав проблем да избегнам или закочам баш така нагло. Ова е можда и ради тоа што уште треба да размислувам како да застанам/закочам а не ми е механички рефлекс.
Што е поентата на fixieво? Зашто некој би сакал да го има/вози?
1. Лесен рам, и спринтерска позиција (погодна за кратки спринтови, на што и се сведува возење низ град).
Немој да купувате ваков тип на точак базиран на изглед, а со чкарт рам. Целата поента му е добар рам (лесен, цврст и добро да упива во исто време). Исто ако ваквиот точак е потежок од 10кг, баталете. Немојте да купувате само ради изглед.
2. Забавен е за возење бидејќи многу добро убрзува, дури и доста добра брзина може да се одржува и од кога ќе се забрза.
3. Чувството дека си конектиран за патот, односно дека си едно со точакот (го осеќаш под тебе ко да е живо )
4. Ми личи дека е добар тренинг, и дека те тера да вртиш оптимално и постојано.Нема одмор дури и на спуст

Самото возење бара повеќе планирање однапред што и како, што ми беше интересно и забавно.
5. Многу едноставен, нема што да се расипе, скоро да нема што да се одржува.
За кого е ваков точак?
Некој што е веќе искусен во возење точак, некој што сака да научи нешто ново, некој што сака возење низ град да му биде нешто ново и забавно. Некој што сака точак што добро забрзува и што сака вози брзо, а во исто време да учи техника. Некој што сака добар тренинг.
За кого не е ваков точак?
Не го препорачувам за неискусни, бидејќи може да биде доста опасен поготово низ сообраќај.
Некој што нема многу желба да врти нон стоп педали.
Некој што не сака да е во постојано напната позиција на седење.
Некој што не сака да се замара да планира како да вози и од каде да помине и како (fixie баш бара планирање каде и како и кога).
Инаку помалку се разочарав од brooks седиштето, а можда сум и баш навикнат на моите selle italia седишта.
Инаку Pista геометријава може да биде малку незгодна (мене малку ме боли врат), бидејќи е во суштина за спринтање и кратки возења, ама мислам дека ќе успеам да наместам позиција каде што веќе ке го немам тој проблем.
Точаков може да се намести и само во Single Speed мод (односно да има само една брзина и понатаму, ама педалите да не мора да се вртат нон стоп, односно да може да се вртат само напред), ама па баш ми е интересен овој fixie мод и се осеќам ко да учам да возам точак од почеток

Ете толку од мене за сега