Автор Тема: ЕГР вентил  (Прочитано 85554 пати)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #315 на: 26 Јули 2016, 10:05:55 am »
Се менуваат тригерите за EGR, (софтверски свичеви), како и тригерите за грешки поврзани со EGR-ot. Кога се зборува за мапи на ECU-то и ремап, секогаш се мисли на мапите за дистрибуција на снагата од моторот, како AFR, тајминг на палење, буст, конторла на VGT и слични работи. Гасење на овие периферни елементи не е ремап. Исто ко` да кажеш софтверско исклучување на имобилајзерот (отчитување на кодот од клучот) дека е рамап. Не е. Али како сакате...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #316 на: 26 Јули 2016, 10:22:02 am »
Здраво, јас на мојата кола веќе две години имам check engine поради - secondary air injection system. Земав и половни secondary air injection Pump и EGR - Kombi Valve ги заменив и сеуште ми свети check engine. Пошто прочитав дека не е некој проблем да се вози колта вака па затоа дигнав раце околу оправката уште лани.
Па ве читам на темава и да прашам, дали е изводливо ова решење и на мојата кола која е бензинец 1.8Т на затворање на овој систем.
Да препорачате мајстор што е искусен околу оваа проблематика па да ја однесам да ја ѕирне??

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг:
« Одговори #317 на: 26 Јули 2016, 11:14:43 am »
Ретко кога има свич за ерг, обично мора мапата да се едитира со вредности при кои другите мапи например мапата за воздух нема да очекува отворено ерг и помал проток на воздух.
Ипак како ке се реши чиптунерот да го деактивира е оствено на неговата креативност.
Доколку се работи со оригиналната мапа однсно се вади цела се едитира и се врака дали бришел ерг или грешка или вршел зголемување на снага е Ремап.
Кај нас грото ако не и сите равотат со готови мапи.
Ремап на оригиналната мапа без неколку саати и пробувања тешко поготово ако клиентот има чудни желби....

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #318 на: 26 Јули 2016, 11:17:09 am »
А нели може едноставно да се купи нов ЕГР?
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #319 на: 26 Јули 2016, 11:20:03 am »
Да, најмалку е 350 евра и СЕКАКО после одреден период ќе го снајде истото како што го снашол стариот. За одреден период мислам на година дена до две макс.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #320 на: 26 Јули 2016, 11:31:01 am »
Мене ни ми е јасно зошто кошта толку пари. Не треба да е повеќе од 100 нов оригинален, 50 кинеска копија. Просто е ко граФ.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #321 на: 02 Август 2016, 09:47:28 am »
Ретко кога има свич за ерг, обично мора мапата да се едитира со вредности при кои другите мапи например мапата за воздух нема да очекува отворено ерг и помал проток на воздух.
Ипак како ке се реши чиптунерот да го деактивира е оствено на неговата креативност.
Доколку се работи со оригиналната мапа однсно се вади цела се едитира и се врака дали бришел ерг или грешка или вршел зголемување на снага е Ремап.
Кај нас грото ако не и сите равотат со готови мапи.
Ремап на оригиналната мапа без неколку саати и пробувања тешко поготово ако клиентот има чудни желби....


мислам дека си грешка, затоа што во компјутерот има повеке режими на работа како поставени мапи при одредени ситуации. кфакт е дека дозирањето со гориво и воздух не е исто со отворен и затворен егр вентил, ама и при нормален режим на работа има моменти на отворен и затворен вентил, па затоа и има веке мапи за затворен. кога софтверски ке го исклужиш егр вентилот, и ако тоа е правилно направено, самиот компјутер ке се префрли на мапата на која е поставен за со затворен вентил. реткост е да нема возило со мапа за затворен вентил да не речем, јас не сум сретнал такво нешто.

само повторувам за другиве да знаат, дека затапување на егр вентил не е само да се стави “штопна“ на протокот, туку и на правилен начин да се исклучи софтверски...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #322 на: 02 Август 2016, 10:15:15 am »
Да, најмалку е 350 евра и СЕКАКО после одреден период ќе го снајде истото како што го снашол стариот.
За 2-3 коли од различен производител имам гледано и цените се околу 200-250 евра.
Гледам сега и за мене толку се, а има и поефтини.

Отсутен BildeR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #323 на: 20 Април 2017, 15:26:31 pm »
Лани ја однесов на сервис и ми ги исчистија ЕГР и усисната грана, примаше околу година дена супер и сега гледам пак ми светнува ламбичето од грејачот (тогаш тоа светеше) и не ми прима пак баш најдобро, се работи за Renault Scenic 1.9dci 2001, дајте некое видео ако имате како да ја очистам усисна грана слободен сум и така викендот и ЕГР вентилот и со што се чисти?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #324 на: 21 Април 2017, 15:56:57 pm »
Лани ја однесов на сервис и ми ги исчистија ЕГР и усисната грана, примаше околу година дена супер и сега гледам пак ми светнува ламбичето од грејачот (тогаш тоа светеше) и не ми прима пак баш најдобро, се работи за Renault Scenic 1.9dci 2001, дајте некое видео ако имате како да ја очистам усисна грана слободен сум и така викендот и ЕГР вентилот и со што се чисти?
Усисната грана кај 1.9дци е скоро невозможно сам да ја извадиш. Многу е комплицирано за вадење и не би се нафатил. Ниту па на сервис некој би ти се нафатил само заради чистење. Проблемот гледај да не е електричниот дел од егр-то. Така се заеба кај мене 2 пати. И многу важно треба да одиш да се репрограмираат параметри со рено дијагностика, иначе џабе пак ќе ти се појави ламбичето.

Отсутен BildeR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #325 на: 26 Април 2017, 16:25:35 pm »
Па лани демек ја чистеше механичарот, барем ми наплати за чистење  ;D
Пак не ми влечи баш најдобро, мислам дека е пак проблемот со ЕГР или усисна, пак се уклучува и тоа ламбичето за грејачите.
Евентуално ако се работи за лептираст вентил или како и да го викаат, на оваа кола не знам ни дали има таков, на голф кај пријател знам дека го менуваа.

Отсутен Slipknot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #326 на: 16 Јули 2021, 13:17:10 pm »
Што мислите дали после чистење на ЕГР вентил треба да се прави адаптација софтверски или тоа само доколку се менува друг дел.
Прочивав по нет дека после некое време можел да изгори ЕГР.Се работи за Голф 5 1.6 ФСИ

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #327 на: 16 Јули 2021, 15:09:01 pm »
Што мислите дали после чистење на ЕГР вентил треба да се прави адаптација софтверски или тоа само доколку се менува друг дел.
Прочивав по нет дека после некое време можел да изгори ЕГР.Се работи за Голф 5 1.6 ФСИ

Како тоа...да изгори не разбирам?

Да се расипе може.

Во однос на исклучување зависи некои коли може софтверски, кај некои физички се блокира.

Кај 1.6 FSI не знам како е, претпоставувам треба да се блокира физички.


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #328 на: 16 Јули 2021, 17:15:19 pm »
Dzabe kw blokiras egr na toj motor pak ke ima eden kup garez vo usis

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен Slipknot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #329 на: 16 Јули 2021, 19:46:02 pm »
Не напишав исклучување ,напишав чистење .Бидна го исчистив ми покажуваше грешка на ЕГР  сега се смири колата многу по рамномерно работи и случајно најдов едно скинато цревце утре ке го сменам.
https://www.skoda-parts.com/spare-part/03c103558-ventilation-hose-oe-24996.html