Кои се негативни последици по исклучувањето на ЕГР вентилот преку дијагностика?
Имено, ЕГР-от при правење на проби преку дијагностика супер отвара и затвара, но при возење на автопат колата губи снага (влегува во лимп муд) и треба да ја изгаснам/запалам. После тоа како ништо да не било до наредниот лимп муд. За половен и исправен ЕГР ми побараа 150 евра, но не можеа да ми гарантираат дека долго ќе вози. За нов не сакав ни да прашам
Па затоа го исклучив преку дијагностика.
Е сега, читав дека по исклучување на ЕГР колата ќе ја прима подобро гаста, но такво нешто не забележав. Не ни очекував такво нешто бидејќи супер си прима колата, туку чисто информативно ме интересира на што може да има негативно влијание исклучувањето на ЕГР? Се работи за 2.7 цди 177 кс.