Автор Тема: ЕГР вентил  (Прочитано 82756 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2274
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #390 на: 28 Мај 2024, 09:44:34 am »
@draganamon Бев со татко ми да гледаме што коли има во понуда, додека бараше татко ми, ние баравме нешто постаро и поефтино, ама веќе не носи постари возила и случајно го видов ова Пунто, само што му беше донесено, не беше ни испрано и немаше дефинирано цена тогаш, мислам уште му беше во постапка царинењето ама знам дека спомна цена дека би излегло околу 3.500 евра за продажба. Јас дека сум по Гранде/Ево и одма по ова се залетав  :). Не го погледнав детално, отворив врата и фрлив поглед и внатре ми изгледаше многу сочувано, не би можел подетални податоци да ти кажам. Едино што приметив дека кај командите на воланот се лупи малку таа пластика и дека тој што ја возел колата во Швицарска има додадено црна боја на задниот браник (горниот дел).

Ние го знаеме поодамна, работеше до нашата зграда и зашто татко ми првото (црно) Пунто 2 го зема од него 2016 година. Човекот не важи за превара, а многу соседи од маалото купија коли од него, тоа што пишува во еден оглас кај него јас сум убеден дека е точно (посебно кога тврди за километражата и што има сменето на колата - во овој случај ламела). Иако баравме постара кола, му предложи на татко ми една Корса Д 1,4 бензин 2008 година, таа ја пробавме, запаливме, седнавме, моторот не се слушаше, имаше 140.000 км и сервисна книшка, цена ни понуди 3400 евра, ама далеку од буџетот на татко ми.

Јас сега да купувам кола, прво би отишол кај него да видам што коли има во понуда. Тој период почна во главата да ми се вртат планови да го сменам Сеникот за ваков бензинец, ама поради други причини одложив најрано за следната година, здравје, инаку ова црвеното Ево ќе ми беше прв пик (по претходна проверка секако).

Ако нешто ти помогна рефератот  :)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 636
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #391 на: 28 Мај 2024, 19:56:32 pm »
Фала многу, помага и тоа како.
Стапив во контаклт со човекот, имал и неколку Опел Корси, така да може и ке заврши работа.
Поздрав.