Викендов направив малку подолга релација со BMW-то.
Скопје - Битола (нормално возење 120-140 на автопатите) 7.1л/100км просек.
Со тоа што Скопје - Велес извадив 6.5л/100км
Битола - Скопје (120 Битола-Прилеп и побрзо возење околу 140-160км/ч, постојано после Градско - Скопје) 6.8л/100км
Е сеа се знае, Битола - Скопје многу кратко се искачува Плетвар и речиси е скоро се удолно до Градско.
Значи со првиот стил на возење очекувам да биде просечна 6.5л/100км easy.
Два пати го ресетирав бордот за прецизно мерење.
Значи во просек 6.8-6.9.
Горе долу се поклопија оние бројки од 7.1 што ги возев на обиколница.