Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 2329150 пати)

Отсутен ford_mkd1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11055 на: 07 Октомври 2016, 16:06:31 pm »
се е битно батка. Ако земеш дека колата е празна 1560кг + 5x80кг во просек, имаш 1960кг. Не може да споредуваш со пунто бензинец сосе шоферот заедно 1000кг. Тоа ти е исто како маратонците да бидат даси од по 100кг.

Отсутен ford_mkd1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11056 на: 07 Октомври 2016, 16:10:44 pm »
Колку луѓе се у кола значи нешто при тргни-застани низ град. Но, на отворен пат многу малку или ич не влијае на просечната потрошувачка (особено ако кочиш моторно ко господин човек, т.е. не ги црниш бандажите со чад од пакни ко сељак).
Тоа важи само ако си ги напумпал задните гуми соодветно за 5 луѓе - нешто што никој скоро не го прави. Така да има малку зголемен ролинг резистанс од задни издишани гуми. Не дека е многу, ама постои.


предните 2.4бари, задните 2.7

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11057 на: 07 Октомври 2016, 16:12:41 pm »
Тоа ти е исто како маратонците да бидат даси од по 100кг.

Не да не е исто, туку е - од повеќе причини - суштински различно.

Отсутен ford_mkd1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11058 на: 07 Октомври 2016, 16:21:08 pm »
Тоа ти е исто како маратонците да бидат даси од по 100кг.

Не да не е исто, туку е - од повеќе причини - суштински различно.

не е исто но е аналогно. Просурфај по интернет, има студии дека секои додатни 100кг ја зголемуваат потрошувачката од 2-3%.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34364
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11059 на: 07 Октомври 2016, 16:38:27 pm »
Тоа ти е исто како маратонците да бидат даси од по 100кг.

Не да не е исто, туку е - од повеќе причини - суштински различно.

не е исто но е аналогно. Просурфај по интернет, има студии дека секои додатни 100кг ја зголемуваат потрошувачката од 2-3%.
На која широчина на гуми, колку напумпани гуми и која вкупна тежина на возилото?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30264
    • CARclub.mk
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11060 на: 07 Октомври 2016, 16:50:31 pm »
Муабетов ми е правен пред неколку години со инженери од BMW (кога беше EfficientDynamics турнејата) и кога зборувавме баш за економичност - муабетот (колку што го памтам) беше дека според нивни проценки, со намалување на тежината за 50 кила, намалуваат потрошувачка за околу 1%, односно есапот беше дека за 100 кила намалување, намалуваат потрошувачка за 0.4 литри. Мислам дека есапот беше за Серија 3.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44584
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11061 на: 07 Октомври 2016, 17:04:40 pm »
Секако, бидејќи тежината не влијае битно ЕДИНСТВЕНО при рамномерно праволиниско движење по хоризонтален пат. Тоа го нема дури ни на автопат...
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55152
  • Махер
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11062 на: 07 Октомври 2016, 17:34:50 pm »
Муабетов ми е правен пред неколку години со инженери од BMW (кога беше EfficientDynamics турнејата) и кога зборувавме баш за економичност - муабетот (колку што го памтам) беше дека според нивни проценки, со намалување на тежината за 50 кила, намалуваат потрошувачка за околу 1%, односно есапот беше дека за 100 кила намалување, намалуваат потрошувачка за 0.4 литри. Мислам дека есапот беше за Серија 3.
Бирај. :) Или 1% или 0.4л, неможе двете. Или 0.04л.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30264
    • CARclub.mk
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11063 на: 07 Октомври 2016, 17:35:52 pm »
Не се сеќавам точно како беше, знам дека не ми се скроз точни бројките. Како и да е, пре би ја земал бројката од 0.4 литри на 100 кила намалена тежина.

Отсутен ford_mkd1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11064 на: 07 Октомври 2016, 18:38:04 pm »
Муабетов ми е правен пред неколку години со инженери од BMW (кога беше EfficientDynamics турнејата) и кога зборувавме баш за економичност - муабетот (колку што го памтам) беше дека според нивни проценки, со намалување на тежината за 50 кила, намалуваат потрошувачка за околу 1%, односно есапот беше дека за 100 кила намалување, намалуваат потрошувачка за 0.4 литри. Мислам дека есапот беше за Серија 3.
Бирај. :) Или 1% или 0.4л, неможе двете. Или 0.04л.

поентата со споменување на тезината на колата и бројот на патници ми беше дека кола со вкупна тежина со патници од 2 тона, во споредба од некоја просечна кола од 1200-1300кг која со 2 патнци тежи најмногу 1500кг, има на крајот поголема тежина од +500кг. Како што кажа и Симо дури и во идеални околности(рамномерно крузање), разликата од 500кг ќе има влијание барем од 10-20% потрошувачка или до 0,6-1,2л/100км. Но тоа е во идеални услови, а да не зборувам колку би требало да влијаат тие +500кг кај нас, особено при градска вожња низ Скопје.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11065 на: 07 Октомври 2016, 18:57:28 pm »
Секако, бидејќи тежината не влијае битно ЕДИНСТВЕНО при рамномерно праволиниско движење по хоризонтален пат. Тоа го нема дури ни на автопат...

Доколку после угорница со делта-ха од икс следи исто толкава спуштанка Ако се кочи моторно - нема многу везе дали се 2 или 5 души у кола. Ако е само угорница и крај, нема враќање назад, тогаш да, има влијание.

Ако се кочи моторно, нема (голема) врска ни забрзувањето, пошто потешка кола поспоро ќе убрзува, а мотороното кочење ќе биде подолго, па на крај потрошеното гориво ќе биде мање-више исто.

Кривините не сум сигурен дали имаат влијание. Благи автопатскио кривини - сигурно не големо.

А може и вака да гледаш: ако празна кола тежи да речеме 1500 кила, кола со двајца 1650, кола со петорица 1875 кила, што е 13% повеќе. Во теоретски најнеповолното, но реално невозможно сценарио (возење 100% угорница), и при оптимистичка ефикасност на моторот од 40%, потрошувачката ќе скокне за околу 5%. Тоа е, повторувам, во теоретски најнеповолното, но реално невозможно сценарио (возење 100% угорница). Во реалистични сценарија, разликата во потрошувачката ќе биде многу помала од овие „идеални“ 5%.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11066 на: 07 Октомври 2016, 19:02:42 pm »
не е исто но е аналогно. Просурфај по интернет, има студии дека секои додатни 100кг ја зголемуваат потрошувачката од 2-3%.

Тоа е минорна разлика во потрошувачката која ќе се „стопи“ во другите фактори кои многу повеќе ќе влијаат (напр ветар). Види колку е 2-3% изразено во литри на 100км и ќе видиш дека се безначајни ронки.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44584
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11067 на: 07 Октомври 2016, 19:10:28 pm »
Секако, бидејќи тежината не влијае битно ЕДИНСТВЕНО при рамномерно праволиниско движење по хоризонтален пат. Тоа го нема дури ни на автопат...

Доколку после угорница со делта-ха од икс следи исто толкава спуштанка Ако се кочи моторно - нема многу везе дали се 2 или 5 души у кола. Ако е само угорница и крај, нема враќање назад, тогаш да, има влијание.

Ако се кочи моторно, нема (голема) врска ни забрзувањето, пошто потешка кола поспоро ќе убрзува, а мотороното кочење ќе биде подолго, па на крај потрошеното гориво ќе биде мање-више исто.

Кривините не сум сигурен дали имаат влијание. Благи автопатскио кривини - сигурно не големо.

А може и вака да гледаш: ако празна кола тежи да речеме 1500 кила, кола со двајца 1650, кола со петорица 1875 кила, што е 13% повеќе. Во теоретски најнеповолното, но реално невозможно сценарио (возење 100% угорница), и при оптимистичка ефикасност на моторот од 40%, потрошувачката ќе скокне за околу 5%. Тоа е, повторувам, во теоретски најнеповолното, но реално невозможно сценарио (возење 100% угорница). Во реалистични сценарија, разликата во потрошувачката ќе биде многу помала од овие „идеални“ 5%.

Грешка си. Дури и да не користи кочница, туку да се ослонува на моторно кочење, (што е лудо во секојдневно возење), повторно при забрзување ќе потроши повеќе гориво, отколку што ќе заштеди поради зголемениот момент на инерција, од едноставен разлог што МВС имаат многу лош коефициент на искористување на енергијата, поготово изразено при забрзување.

Дококлу натоварен ја качи  угорницата, ќе потроши X+y гориво, наместо X колку што би потрошил празен. При симнување, без разлика дали полн или празен, потрошувачката тежнее кон 0л/100км.

Совладување на кривини, е многу слично со качување угорници.
« Последно менување: 07 Октомври 2016, 19:25:57 pm Simo - Carrier159 »
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11068 на: 07 Октомври 2016, 19:23:17 pm »
Често пати сум идел накај Крива Паланка сам (или двајца), без товар,  и со 4-5 луѓе во кола и багаж од 50-100 кг. И разлика во потрошувачката има од 0,5 до 1 л. Ова зборам и со напумпани гуми и со моторно кочење.

Надолу колата горе-доле се тркала исто и кога е лесна и кога е тешка, ако успори пипни на гас и повторно си продолжува, додека по угорниците кога си товарен доста повеќе троши...

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14877
  • Пудингот на шоферството
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11069 на: 07 Октомври 2016, 20:09:46 pm »
Abe ke pocnat sega fiziki,matematiki,wikipedia pa mozi i nekoj dokument od wikileaks da se pojavi deka ne igra uloga pogolemata masa vo potrosuvackata,e arno ama igra.Najprost primer ke zemam so kamionite,koi ne trosat isto koga se prazni,malku tovareni ili full tovareni.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D