Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 2212307 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34293
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11070 на: 07 Октомври 2016, 22:55:04 pm »
Симо е во право освен тоа дека совладувањето на кривини е слично на нагорнина. Сеа зависи на каква нагорнина се мисли. Кривини на рамно помалкувлијание имаат од угорнина, некоја умерена да речеме,

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11071 на: 08 Октомври 2016, 01:14:52 am »
Иста енергија е потребна да дадеш кош со тениско топче и баскет? Не. Епа нема ни колата исто да троши :).

Колкава ќе биде разликата во потрошувачка зависи само од тоа колку му е тешка ногата на возачот. При движење со константна брзина промена нема да имa бидејќи надворешните параметри ме се сменети. Освен ако нема туле на кров :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11072 на: 08 Октомври 2016, 10:54:43 am »
(длабока воздишка)

И повторно, по трети или четрврти пат, во оваа тема треба да се учиме дека дека ефикасноста на моторот е многу мала, дека најголемот дел од горивото се троши безвезе, но и дека вашите аргументи за да бидат издржани треба имплицитно тоа да го игнорираат и да подразбираат 100% ефикасен мотор. Симо и за тебе важи. btw jас, кој нели не сум у право, дојдов до слична бројка со инженерите на бмв. Како тоа? Маѓија?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11073 на: 08 Октомври 2016, 11:06:36 am »
Јас се согласувам во потполност со стручњаците од BMW, ако го погледнеш мојот првичен коментар. Јас мислам дека е погрешно ова што ти си го кажал:
Колку луѓе се у кола значи нешто при тргни-застани низ град. Но, на отворен пат многу малку или ич не влијае на просечната потрошувачка (особено ако кочиш моторно ко господин човек, т.е. не ги црниш бандажите со чад од пакни ко сељак).

Некои се потрудиле, па мереле, праеле симулации, не се потпирале само на својот разум, ќе ја разбереш табелава, поготово Highway графата.:

http://www.autoblog.com/2009/10/29/greenlings-how-does-weight-affect-a-vehicles-efficiency/

Ако не се согласуваш со овие тестови, ок, твое право.


Edit: Да му се извинам на MecheTo: Јебига, некогаш се мора, иако не сакав, ама ете... Сори за викиликс :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11074 на: 08 Октомври 2016, 11:12:40 am »
Она „малку“ пред „или ич“ забораи да го болдираш, а?

И не го гледам бројот на патници у кола во табеливе погоре, можеш да ми помогнеш каде да ги барам?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11075 на: 08 Октомври 2016, 11:14:12 am »
Она „малку“ пред „или ич“ забораи да го болдираш, а?
Ич е строго дефинирано. Малку не е. Малку е 10%? Ако е малку, тогаш ок... Ене на рамно со даунсајзд енџин и 20% редукција во тежина се постигнува 10% заштеда при константна брзина. За мене не е тоа малку...

Нема број на патници, има процентуална редукција на тежината. Ти пресметај просечен човек пута број на луѓе и тежината на возилото (лесно ќе најдеш за мондео дизел), па види колку проценти е разлика во тежина помеѓу 5 луѓе и 1 човек.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11076 на: 08 Октомври 2016, 11:17:20 am »
Па ако прочиташ добро од графата, на 120км/ч (75 мил/ч) со 20% намалена тежина потрошувачката се намалила за 2.8% што е во корелацја со изјавата на filipV дека на отворен пат тежината многу малку, речиси ич не влијае на потрошувачката.

Исто така, е точно дека тежината влијае на тргни–застани во град, каде според табелата 20% потешко возило генерира скоро 10% поголема потрошувачка.

А тоа приказни со даунсајзд енџин, не ги глеј, не ги маштај, не ги бладај. Ти кога тргаш сам на пат го менуваш моторот со послаб, а кога сте фул 5 души со појак?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11077 на: 08 Октомври 2016, 11:18:52 am »
Ич е строго дефинирано. Малку не е. Малку е 10%? Ако е малку, тогаш ок... Ене на рамно со даунсајзд енџин и 20% редукција во тежина се постигнува 10% заштеда при константна брзина. За мене не е тоа малку...

! Ама тогаш немаш запазени експериментални услови чоек. Ние збориме за една иста кола со 2 или 5 души колку различно ќе троши. А даунсајзиран мотор значи намалување на паразитската потрошња (што е најголемиот дел од потрошњата - затоа ги даунсајзираат моторите!).

Уште еднаш ќе те предупредам на нужните (и МНОГУ неинтуитивни!) импликации на неефикасноста на моторите и што тоа значи за разчните сценарија на потрошувачка.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11078 на: 08 Октомври 2016, 11:20:55 am »
Па ако прочиташ добро од графата, на 120км/ч (75 мил/ч) со 20% намалена тежина потрошувачката се намалила за 2.8% што е во корелацја со изјавата на filipV дека на отворен пат тежината многу малку, речиси ич не влијае на потрошувачката.

Исто така, е точно дека тежината влијае на тргни–застани во град, каде според табелата 20% потешко возило генерира скоро 10% поголема потрошувачка.
Еве ја не сакам да ја гледам таа графа, туку сакам EPA Highway графата да ја гледам за downsized engine, што покажув 9.8% редукција (и повеќе соодвествува со вистинско возење на автопат, отколку рамномерно праволиниско движење по хоризонтален пат со 75MPH).
Што значи дека јас сум во право? Или не?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11079 на: 08 Октомври 2016, 11:25:44 am »
Ич е строго дефинирано. Малку не е. Малку е 10%? Ако е малку, тогаш ок... Ене на рамно со даунсајзд енџин и 20% редукција во тежина се постигнува 10% заштеда при константна брзина. За мене не е тоа малку...

! Ама тогаш немаш запазени експериментални услови чоек. Ние збориме за една иста кола со 2 или 5 души колку различно ќе троши. А даунсајзиран мотор значи намалување на паразитската потрошња (што е најголемиот дел од потрошњата - затоа ги даунсајзираат моторите!).

Уште еднаш ќе те предупредам на нужните (и МНОГУ неинтуитивни!) импликации на неефикасноста на моторите и што тоа значи за разчните сценарија на потрошувачка.
Филип: Дали турбо дизел мотор се смета за даунсајзд мотор во однос на Н/А мотор со иста снага и поголема кубикажа?
Батали ја неефикасноста на моторот, ајде ееве нека грешам во таа изјава.
И уште едно прашање: Дали на автопат тежината во гепек и кабина ИЧ не влијае или МАЛКУ влијае? И кога тоа малку веќе не е малку?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11080 на: 08 Октомври 2016, 11:29:56 am »
Па ако прочиташ добро од графата, на 120км/ч (75 мил/ч) со 20% намалена тежина потрошувачката се намалила за 2.8% што е во корелацја со изјавата на filipV дека на отворен пат тежината многу малку, речиси ич не влијае на потрошувачката.

Исто така, е точно дека тежината влијае на тргни–застани во град, каде според табелата 20% потешко возило генерира скоро 10% поголема потрошувачка.
Еве ја не сакам да ја гледам таа графа, туку сакам EPA Highway графата да ја гледам за downsized engine, што покажув 9.8% редукција (и повеќе соодвествува со вистинско возење на автопат, отколку рамномерно праволиниско движење по хоризонтален пат со 75MPH).
Што значи дека јас сум во право? Или не?
Види ако сакате да си играте дечиња во градинка, сега можеш да уклучиш супер неверојатен невидлив штит и ич к*р да не ти чуе, пошто никој не ти може ништо...

Ама ако сакаш да зборуваш како возрасен, технички со факти и аргументи, факт е дека изјавата на филип е 100% точна, а тоа и ти самиот го потврди. А ти после можеш да си најдеш и друга некоја графа на возила со извадни мотори и пуштени низ брдо, па да утврдиш дека на планина воздухот е почист.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11081 на: 08 Октомври 2016, 11:35:05 am »
Упс.. Се извинувам Филип, погрешно ја прочитав табелата. Мислев дека заштедата со редукција на тежина кај даунсајзд моторите е спрема даунсајзд мотор, а не спрема бејзлајн. Значи она што важи за бејслајн мотор може да го дискутираме. Значи редукција од 6% спрема епа тестовите.

@gOJDO, јас само не разбирам Филип што вика, дали ИЧ не влијае со што не се согласувам или влијае (малку, многу, недефинираноо..), со што се согласувам.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ford_mkd1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11082 на: 08 Октомври 2016, 13:03:52 pm »
Па ако прочиташ добро од графата, на 120км/ч (75 мил/ч) со 20% намалена тежина потрошувачката се намалила за 2.8% што е во корелацја со изјавата на filipV дека на отворен пат тежината многу малку, речиси ич не влијае на потрошувачката.



2.8% се однесува за STEADY CONDITIONS. Значи нема запирање,нема угорнини,нема забрзување. Тоа се лабораториски услови, не реални. Затоа имаш графа за реално возење на АВТОПАТ која вика за 20% намалување на тежина во HIGHWAY мод имаш 5,9% намалена потрошувачка.




Она „малку“ пред „или ич“ забораи да го болдираш, а?

И не го гледам бројот на патници у кола во табеливе погоре, можеш да ми помогнеш каде да ги барам?
Патници или патлиџани е исто за законите на физиката. На форумов споредуваме просечна потрошувачка како бројка на пример 6л/100км. Поентата би беше дека колата ми е барем 500кг потешка од просечна кола со просечен број на патници и дека и тоа влијае на потрошувачката.
Ајде пресметај по табелата колку ќе донесе 500кг*? Ако за тебе 1л/100км е малку, за некого е многу или барем значи помало загадување.

*мојата кола заедно во 5 патници тежи 1960кг, а запази дека графикот на Симо се однесува за Small car, во превод ~1200кг. Тие 20% се 240кг.
« Последно менување: 08 Октомври 2016, 13:10:32 pm ford_mkd1 »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11083 на: 09 Октомври 2016, 10:51:12 am »
2.8% се однесува за STEADY CONDITIONS. Значи нема запирање,нема угорнини,нема забрзување. Тоа се лабораториски услови, не реални.
Тоа се реални услови на прав автопат каде немаш тргни–застани.

Цитат
Затоа имаш графа за реално возење на АВТОПАТ која вика за 20% намалување на тежина во HIGHWAY мод имаш 5,9% намалена потрошувачка.
Ете нека е и така, пак 5.9% е многу мало влијание. И сето ова физички многу лесно се докажува, само ме мрзи да пишувам формули и да рзвивам системи равенки. Едноставно, силата на отпорот на воздухот се зголемува кубно со зголемувањe на брзината, додека пак инерцијалните сили поради гравитацијата се фиксни. Па така на голема брзина силата на отпор на воздухот е далеку поголема од инерцијалните сили. И овие закони на физика важат и за смол кар, и за мидиум кар, и за марафака екстра хјуџ кар со било каква големина на моторот и без оглед на тоа колку дебели патници возиш!


Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34293
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11084 на: 09 Октомври 2016, 14:11:02 pm »
180km со 300 денари плин, релација Сокпје-Стража-Скопје и уште 30км локал низ скопје.