Релација Скопје - Софија - Скопје вкупно 480км натаму 4 во кола назад 5 со полн багажник. На излез од Скопје не знам како успеа да ми наточи 40 литри кога имав останато малце над 1/4, очекував околу 30тина литри да собере (цел резервоар собира 45л). Како и да е, се враќам од пат сказалката за гориво едвај малце мрдна од 1 на враќање кога ја нагазив малце дека се враќав од Софија по автопат, полнам пак до капаче во Скопје исто на Макпетрол само на друга пумпа и доточи само 13 литри!!
Во Бугарија возев по знаци, кај нас +10/20, се работи за кордоба 1.9 сди
Имам проблем со пловакот или што е работава, дека не е можно со 13 литри да поминам 500км

А да и не е ова прв пат, исто вака со мерење до капаче возев Скопје - Солун - Скопје и слична ситуација имав, 10л дополнив тогаш кога се вратив.
пс. еве слика од сказалката пред да наточам откако се вратив
