Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 1988628 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9720 на: 21 Јули 2015, 18:44:03 pm »
Плин наполнет на РТпетрол (пред Гевгелеија ) и извозени 562км со уклучена клима, боцата збира 45л (+- 0,5л ) што значи просек околу 8,1л плин. Пред тргање ставив нови свеќици Denso Twin Tip (focus mk2,5 1.4 ), па ако некој има вакви нека каже дали се добри за со плин.

Јас имав такви, си извртеа 20к километри на плин без никаков проблем. In fact, можеби се боље од обие Bosch што ги имам сега.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1479
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9721 на: 22 Јули 2015, 00:38:45 am »
Голф 5 1.4 желка , 950 км пројдени на отворено , цел пат клима  , просечна брзина 86 , по борд 6.4 , а на пумпа мерено 8.6 плин . Задоволен.
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9722 на: 22 Јули 2015, 03:43:07 am »
Чисто градска, ТДИ 130. Ова е од некои си 2-300 км неделава што поминав.



Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9723 на: 22 Јули 2015, 05:18:31 am »
Може со 2л доле да оди без проблем

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9724 на: 24 Јули 2015, 02:38:52 am »
Скопје - Кавадарци - Скопје (4ца у кола, клима цело време)

+

Скопје - Охрид - Скопје (јас, невеста, бебе и куче. Возено е ноќно време, така да, само вентилација, без клима)

+

Куфер на кров

=

532 километри со 43.24 литри плин, односно 8.13 л/100км.

Ова е од враќањето од Охрид:

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9725 на: 28 Јули 2015, 18:39:22 pm »
Opel Corsа D 1.2 на плин

Со 40 литри плин поминати 530км од кои 100км градска, другите Скопје - Кичево - Охрид и назад. Клима нонстоп пуштена освен на некои успони кај што треба да се претица камион, као Sport button му доаѓа.  ;D

7,5L/100km

Јас презадоволен.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9726 на: 28 Јули 2015, 21:46:22 pm »
Велес - Битола - Струга - Охрид - Струга - Боровец(Струшко) - Дебар - Ростуша - Велес = 536.4км. Освен Бт - Охрид возено цело време доста над ограничувањата, особено од Маврово до Велес.

Еве слики од потрошувачката, времетраењето на возење и километражата.



If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9727 на: 28 Јули 2015, 22:07:10 pm »
Тешка нога изгледа имаш со оглед на потрошувачкава, па уште ако лажи бордот за 0.5-1 литар... Ти бензинец да возиш, 9 литри ќе ти излегува на отворено ;D

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9728 на: 28 Јули 2015, 22:11:08 pm »
Нормална е оваа потрошња, и кај мене слично троши, до сега под 6л само кај ц2 имам извадено, затоа што е туѓо и мора да го пазам.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9729 на: 28 Јули 2015, 22:52:23 pm »
Бордот не лаже, т.е. и да има лага таа е под 0.2л. Што се однесува до ногата возев доста брзо, на пример од прва гостиварска патарина до влез на велес стасав за 52 минути, дечкото што беше со мене брзаше за работа па затоа гледавме. Можев на истава делница да извадам и 6.1-6.2л ама здравје за друг пат.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9730 на: 29 Јули 2015, 15:40:17 pm »
Bergamo (Аеродром) - Carona - Околу Carona - Bergamo (Аеродром)



Bergmo на 249м надморска, Carona на 1100м, Foppolo на 1615м

Возило VW Polo 1.4 TDi 75 hp

Поминати 235 км, со просечна потрошувачка од 4,1 л/100км. Клима уклучена на од прилика 2/3 од патот.

Да ми кажел некој, немаше да му верувам.
И криво ми е што не успеав да сликам зошто тој идиотскиот борд сам се ресетираше кога наполнив гориво пред да ја вратам колата.

Едит: Двајца возрасни, 3 мали деца, 2 мали куфери и 2 ранци.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5193
  • Пиши лаже
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9731 на: 29 Јули 2015, 15:53:28 pm »
Не сум мерел колку ми троши, но од кога го репарираа бошот да измериме еден резервоар.
Не ми беше целосно полн резервоарот, ке собереше уште 4-5 литри нафта(57,58л нафта значи). Резервата светна на ~1200 км, од кои 700 беа на отворено, моите беа минатиот викенд до Драч. Останатите се градска вожња. Доста задоволително за мене.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен miki002

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 67
    • Моето возило
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9732 на: 29 Јули 2015, 21:21:26 pm »
Според новата калкулација што ја направив = 2151Км поминати со 118 литри нафта, 80% град - 20% патишта, просекот ми излегува 5,485 Литри на 100 Километри.
Цело време сум со клима на auto.
На сајтот спецификација е 4.9 градска, 4.1 комбинирана. 
Проблем е што возам од дома до работа секој ден и низ град цело време 40Км/Ч во трета...инаку на борд рекордна најниска ми е 3.2Л/100Км за сега (Кочани - Штип).

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9733 на: 30 Јули 2015, 01:39:47 am »
Ќе ја запушиш колата уште неразвозена, од толку возење на ниски вртежи.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #9734 на: 31 Јули 2015, 16:55:19 pm »
Велес - валандово -струмица -благоевград -ќустендил - паланка - куманово - велес 5л/100км возено по автопат 140 - 150 а на обичен пат многу над знаци оти немав време. Возило пасат 2.0тди блу моушн. Малку троши нек си ибе :)