Скопје (Макпетрол Ново Лисиче фул резервоар до капаче) - Урошевац - Призрен - Кукс - Драч - Бари - Салерно - Праиано - Позитано - Соренто - Помпеја - Наполи (гужви, тргни застани 3 саати во правец катастрофа пат) - Соренто - Позитано - Праиано (полнење до капаче пак)
Отприлика до сеа иам направено 650 километри. Мерено на пумпа од крај на резервоар до крај потрошив околу 36 литра што во просек значи 5.5 литра на 100км, колку што кажува и на борд.
Стил на возење како што треба. До Призрен преку Урошевац ...50-70...120-130 автопат Призрен, Албанија возев побрзо (дупло побрзо од знаците на автопатот, да се разбериме секаде пишува 60-70
а патот дозолува 120 ама има кривинчиња ) На Аутострада под 120 не спуштив (патот е путер).
Второ Амалфи патот побрзо од 50 не можеш заради кривините. И тука имате тргни застани. Ако возев само на автопат сигурно ќе беше околу 5 литра максимум. Не заради друго, рамни патишта, убави, ја ставаш на круз и не мрднува потрошњата од околу 5 литра. (4.7 до 5.2 на некоја угорничка)
Климата. Цело време на фул. ПОСТОЈАНО. Влагата овде ме отепа.