Ајде и јас некој податок да изнесам.
Пежото, 306-ката во град ми троши околу 10-10,5. На отворено потрошувачката се симнува од 5,5 до 7 во зависност од возењето, а се работи за 1,6л мотор, атмосверец 8 вентила, бензин со 90кс.
Пежото 206 во град троши околу 8-8,5, на отворено потрошувачката паѓа од 5,5 до 6,5, а е 1,4л бензиски мотор, 8 вентила и 75кс.
Дачиата Доккер, во град троши од 5 до 6 лиутра во зависност од гужвите и начинот на возење. По борд најчесто се движи околу 5,7-6,1. За сметка на тоа потрошувачката на отворено се движи од 4,5 до 5,7, нормално во зависност како ја возиш.
Се работи за 1,5 DCI мотор со 90кс.
Доколку се запазат знаците, односно се вози 100% по пропис, а има моменти кога мораме да возиме на Тетово-Гостивар навистина од 80-90, во тој случај потрошувачката е 4,5 литри. Воеедно и најмалку покажана потрошувачка на борд, а и на пумпа се потврди до детал точноста на бордот на неколку мерења.