Просечната потрошувачка е однос на потрошено гориво на изминат пат.
Изминатиот пат се отчитува преку тркалата или менувачот во реално време.
Потрошеното гориво е збир на секое поединечно вбризгуванје на инјекторите.
Притисокот во линиите за гориво е константен, варијабилно е времето на отвореност на инјекторот - бризгалката.
Според тоа време се определува количината не уфлрно гориво во секој циклус. Значи: за константен притисок и познат проток само времето е фактор во функцијата од и само од командата на ЕКУ-то.
Значи, без разлика на променливоста на надворешните отпори: нагорнина/надолнина, ветер, влечење на приколка, кровен куфер... потрошувачката е збир од уфрленото гориво преку инјекторите на изминат пат.
Моменталната потрошувачка се пресметува исто, само времето не се акумулира, туку се земаат вредностите за потрошено гориво и изминатиот пат од последна 1,2 или неколку секунди во зависност од процесорската брзина на ЕКУ-то.
Разликите кои се јавуваат кај современите модели се мали, а се должат на разликата меѓу претпоставената количина на вбризгано гориво и реално вбризганото. Еку-то е мапирано и преку функција прецизно знае за кое времетраење на електричниот импулс на бризгалката која голичина на гориво протекува низ неа.
Со тек на време, заради нарушена геометрија на бризгалките, може да се промени и протокот, а со тоа и грешките да се позначителни, но затоа има корекциони фактори во самиот борд компјутер за компензација.