Да не се вработи како шофер бре Онак многу вожња е ова за два дена
?
за 1 ден, поточно не е ни 1 ден туку 14 саати...
Значи го изруга, го изруга, го изруга дизелот, па тек после дојдовме до некои објективни заклучоци.
1. Не знаеш колку точно е резервоарот - од едноставната причина што никогаш не си го наполнил од почеток до крај. По индикатор не можеш на скоро никоја кола да знаеш точно колку е полн (или празен) - пошто индикаторите не можат да бидат најпрецизни. Си приметил дека првата половина на скоро секоја кола трае (измислувам) 300 километри, а втората половина 200 километри? Или, рецимо на плин - првото сијаличе трае 200 километри, вторите две се празнат заедно за 200 километри?
2. Се жалиш дека потрошил скоро 9 литри на 100 километри (и си изненаден како можел толку да потроши, итн, итн, итн), а после тоа кажуваш дека си го цедел и дека потрошувачката е до тебе. Значи потрошувачката е до тебе. Колата си работи најнормално (мада, со пројдени 143.000 километри, можно е да е малку зголемена просечната потрошувачка) - високата потрошувачка била исклучиво до тебе. Како јас пројдов 2500 километри со просечна брзина од 120 на саат (што значи 160 на автопат) и неколку излети до VMAX (по GPS) со просечна потрошувачка од 5.4 литри на 100 километри?
3. За прегледноста, комфорот, итн, нема да коментирам. 140.000 км не се малку, а прашање е дали на колата подвозјето и било во добра состојба. Комфор е субјективна работа (и зависи од многу услови, мене ми се препумпани гумите на Голфот у моментов, па као кочија е малку), а прегледност зависи од правилно позиционирање на возачко седиште.
Да прочита некој, ќе те сфати сериозно, ќе си помисли дека стварно 1.8-литарски дизел троши 9 литра на отворено.
P.S. Морам да се надоврзам на прашање што ме праша еден член на форумов вчера - како човек што вози нова кола, и што редовно има можност да вози различни нови коли, како го доживувам возењето во кола стара 17 години - и мојот одговор беше во насока на тоа дека староста на возилото не игра никаква улога - игра улога одржувањето и генералната состојба на колата. Може кола 3 години стара да биде срање (бидејќи ти спомна дека као Ц-Максов бил нов, 3 години), а може и кола стара 17 години да биде одлична.
И искрено (и ништо лично), не си ми репер за комфор и квалитетно држење на кола. Ти не убедуваше дека твоето старо Волво имало одлични амортизери, а кога одевме од Берово према Струмица гледавме пола метар (најмалку) вертикално движење на задниот дел на Волвото.
1. да, незнам колку собира резервоарот и ако бушавмеган не постираше сеуште немаше да знаам и ич не немам мука во главата нити пак ке имав ако не знаев... мора ли да се фаќаш за се?
2. прво и основно, направив паралела помеѓу 2 различни возила со исти стил на возење. сите коли така ги возам. неможам да се влечам како полжав, немам нерви за тоа, а ни време. ако возев по знаци или по ПС како некој милува да каже, ке се вратев дома веројатно околу 3 саат сабајле... значи посочив колку потроши тој мотор, на таа кола компаративно со некое друго, во слуќајов со моето волво и сеуште стојам на есапот дека ако идев со 35% потешко возило и исто толку поголем (во литри) мотор ама бензинец на плин ке уштедев пари за една штека цигари од фришоп. она што ме нервира е компарирање помегу реална потрошња и фабрички декларирана потрошња.. јас така возам и тоа е тоа.. кај мене колата толку потроши наспроти други коли кои не потрошиле толку... не е го и братот со ганц новиот фокус, кој го возат исто како фалнга, во град неможе да го спуштат под 7. значи сите знаеме кога ке кажеме фалнга стајл возење што значи... и ти лично си напишал повеке пати дека ако треба да потроши колата повеке нека потроши, но така нема никад да возиш само за да заштедиш некое литро...
3. на колата подвозјето е во тип топ форма. не и фали ама баш ништо. на секои 15.000 километри иде на редовен сервис кај што се проверува од А до Ш и се мења по потреба. знам кој ја поседува (а не ја вози)... и ја знам колата од моментот кога имаше 00000 километри... и понатаму стојам до тоа дека на поголеми брзини, возилото не е стабилно воопшто... дури и во неколку наврати, во некои ситуации ме исплаши, повторувам возејки потполно исто како што возам секогаш (над лимитот и малку поагерсивно).. и да, немој сега да ми рече некој дека волвото е нормално да е постабилно, бидејки е потешко, поголемо, поголемо осовинско растојание дрн дрн дрн... точно тоа и јас го реков и мислев...
4. и за крај, дали сум ти репер на тебе или на некој друг, ич не ми чуе на онак џуниор.. кој сака нека верува кој несака немора. немам намера да се објаснувам со никого за ништо. тоа што сум ти предизвик во последно време да контраш со мене е релативно чудна работа, како не си наоѓаш предизвик во некој друг туку моите постови ти се предизвик...
5. до кога ке ги спомнуваш ебаните амортизери од моето бившо волво? главен проблем на тие амортизери (и лулањето ке не беше пола метро туку 20-25 сантими одприлика) беа додадените подизачи на спиралата. мојата желба од позади да биде по високо заради товарање... но сега тоа волво е бившо и таа грешка нема да ја повторам и со ова, иако подизачите се кај мене сеуште
единствено со тебе се сложувам околу одржувањето и тоа дали старо редовно одржувано возило или ново возило би било избор нечив како одлука каква кола-возило да има...
п.с. за неколку саати ке можам да ја потврдам потрошњава.. ке имам извозено уште 450 км одпилика...