Значи го изруга, го изруга, го изруга дизелот, па тек после дојдовме до некои објективни заклучоци.
1. Не знаеш колку точно е резервоарот - од едноставната причина што никогаш не си го наполнил од почеток до крај. По индикатор не можеш на скоро никоја кола да знаеш точно колку е полн (или празен) - пошто индикаторите не можат да бидат најпрецизни. Си приметил дека првата половина на скоро секоја кола трае (измислувам) 300 километри, а втората половина 200 километри? Или, рецимо на плин - првото сијаличе трае 200 километри, вторите две се празнат заедно за 200 километри?
2. Се жалиш дека потрошил скоро 9 литри на 100 километри (и си изненаден како можел толку да потроши, итн, итн, итн), а после тоа кажуваш дека си го цедел и дека потрошувачката е до тебе. Значи потрошувачката е до тебе. Колата си работи најнормално (мада, со пројдени 143.000 километри, можно е да е малку зголемена просечната потрошувачка) - високата потрошувачка била исклучиво до тебе. Како јас пројдов 2500 километри со просечна брзина од 120 на саат (што значи 160 на автопат) и неколку излети до VMAX (по GPS) со просечна потрошувачка од 5.4 литри на 100 километри?
3. За прегледноста, комфорот, итн, нема да коментирам. 140.000 км не се малку, а прашање е дали на колата подвозјето и било во добра состојба. Комфор е субјективна работа (и зависи од многу услови, мене ми се препумпани гумите на Голфот у моментов, па као кочија е малку), а прегледност зависи од правилно позиционирање на возачко седиште.
Да прочита некој, ќе те сфати сериозно, ќе си помисли дека стварно 1.8-литарски дизел троши 9 литра на отворено.
P.S. Морам да се надоврзам на прашање што ме праша еден член на форумов вчера - како човек што вози нова кола, и што редовно има можност да вози различни нови коли, како го доживувам возењето во кола стара 17 години - и мојот одговор беше во насока на тоа дека староста на возилото не игра никаква улога - игра улога одржувањето и генералната состојба на колата. Може кола 3 години стара да биде срање (бидејќи ти спомна дека као Ц-Максов бил нов, 3 години), а може и кола стара 17 години да биде одлична.
И искрено (и ништо лично), не си ми репер за комфор и квалитетно држење на кола. Ти не убедуваше дека твоето старо Волво имало одлични амортизери, а кога одевме од Берово према Струмица гледавме пола метар (најмалку) вертикално движење на задниот дел на Волвото.