Ок, за тестовите ќе ти одговори класниот.
Ова си е моја мерена потрошња. Често правам тестови (за мене лично) и ги постирам, и со мојата и со други коли. Ќе му се најдат на некој.
Да де.. Затоа и јас постирам. Поентата да си споделима реални искуства.. Едно време се чудев како мене ми трошат коливе многу повеќе од некои што се фалат, испадна дека не биле реални дел од тие прикаски И која е поентата за таквата информација, ако не е реална?
Супер што споделуваш такви информации.. Продолжи и пушти само што повеќе детали при таквото тестирање...
Во зависност од тоа колку време е кај нас колата, можам да дадам пореална бројка. За мене најдобро real-world тестирање е баш тоа - real world тестирање. Ја возам колата како што би ја возел мојата, за истите потреби и во истите услови. Понекогаш стребува да одам надвор од Скопје, понекогаш не, ама гледам со секоја кола да извозам барем на обиколница еднаш-двапати за да видам бучност, итн.
Бидејќи живеам во Влае, за било што да направам земам кола, во било кое време од денот.
Ете, Дени измерил 3.7 литри во специфични услови со 1.6 TDCI. Јас измерив некој просек од околу 6.5 литри на 100 во град со истото возило.