Да не имаат 590 рејнџ малите дизелчиња низ град? До кај 650.
Цитроенов рејнџ низ град има од 700 до 900 км. Отворено од 900 до 1100 км
Ем викаш ти троши 7.5, ем рејнџ имал. Реши се.
Не читаш до крај изледа
Трошеше 8.8 л/100 во одреден момент, на пример извозени 100 км од полнење (пренесов што добивам на борд компјутерот), и стално пишувам колку е точната потрошувачка кога го полнам целиот резеорвар. Секое полнење го евидентирам, и полнам стално до врв:
Еве го реалниот просек:
1. 15.12.2013-18.01.2014 - Првите 100 км на борд ми ги покажа 8.7 л/100 или нешто така (имам постирано ме мрзи да барам).
Меѓутоа кога наполнив до врв, после поминати 528 км строго градска , и тоа кратки релации, незагреан мотор излезе пресметката дека е : 6.64 l/100 . На борд компјутер покажуваше 7.2 л/100 (бордот сконтав дека покажува повеќе од реалност)
2. 03.12.2013-15.12.2013 - Поминати 480 км, од кои пола град, пола отворено.
Реална потрошувачка 6.25 л/100 (градската овој период беше најлошата потрошувачка што ја видов на борд. Првите 50 км покажваше 9 л/100
3. 21.11.2013-03.12.2013 Поминати 480 км, од кои повеќето град. Реална потрошувачка 6.4 л/100 км
4. 02.11.2013-21.11.2013, пола град, пола отворено. Поминати 763 км, реална потрошувачка 5.36 л/100
5. 02.11.2013-02.11.2013, Отворено (Скопје-Солун-Скопје), поминати 499 км, реална потрошувачка 5.4 л/100
6. 24.10.2013 - 02.11.2013 , Отворено-Град, поминати 322 км, реална потрошувачка 6.17 л/100
7. 15.10.2013-24.10.2013, Отворено-Град, поминати 710 км, реална потрошувачка 5.31 л/100
Еве ти реалните потрошувачки на секое полнење. Полнам стално до врв и ги забележувам вредностите.
Затоа е и реално да се каже потрошувачката после извозени барем 150 км, за да се види колку е реалната вредност.
На секое полнење, ренџот што го пријавува бордот е од 700-900 км низ град. На отворено од 900-1100 км.