Мора да се смести централната единица некаде (ова е минимална интервенција, веројатно еден штраф на куќиштето од акумулаторот или друго погодно место), да се искасапи голем дел од електричната инсталација под хауба, да се избуши гранката за да се наместат плинските инџектори и да се смести во кабина тастерот со контролните сијалички.
Шраф на куќиштето од Акумулатор можам да прифатам (Може да се купи нов Акумулатор и никому ништо).
Касапење на електрична инсталација би ми пречело (колку и да знам дека нема проблем).
Бушење на гранката исто би ми пречело, освен ако не знам дека може евтино да се замени со нов дел (зборам за оригинален и нов ), во случај да сакам да тргам плин.
Што би значело ова како цена, можност за промена ако сакам скроз нова оригинална ако се вади плинот некогаш?
Тестерот во кабина (ако е тоа она копчето ), не е проблем, пошто има места каде што би се поставило на пластики што лесно би се промениле.
п.с. Веројатно прашав и глупости, ама за жал немам познавање за ова па затоа прашувам