Имам читано за тоа, само никако не можев да разберам. Алтернаторот е врзан со каиш и цело време генерира напон и го дополнува акумулаторот. Пошто генерира наизменичен напон за разлика од Динамото, напонот се исправа, па стабилизира и води кон акумулаторот. За да стабилизираш некој напон мора да имаш „вишак“ т.е. напон повисок од тој што се стабилизира. Снагата на генераторот (алтернаторот) е претходно пресметана во согласност со потрошувачите вградени во возилото (кога е под целосно оптоварување сеуште да има резерва моќност). Значи не е како кај климата која има електромагнетна спојка и врти само коа е уклучена, па тогаш и логично се спротивставува на движењето на моторот и потрошувачката расте. Зошто, како и кога троши повеќе незнам и би бил захвален некој ако ми објасни.
Еве јас да пробам (иако потрошувачката на електричните уреди спррема да речеме упалена клима или моето тешко ноџе бр 46.5 е пуси смоук):
Алтернаторот произведува струја (не напон, чисто процедурално, напонот е небитен во есапот) и е врзан за ременицата нон-стоп. Меѓутоа, при зголемена потрошувачка од елетричните потрошувачи алтернаторот го „кочи“ зголемувањето на отпорот на магнетното поле во самиот алтернатор кој се јавува заради потребата од поголемо производстрво на струја.
Воглавно кога алтернаторот е под оптеретување од елетричните потрошувачи, електромагнетните сили се поголеми и ова ствара отпор на ременицата.
Снагата декларирана на алтернаторот е максималната која може да ја испорача на потрошувачите, но не ипорачува секогаш максимална снага.
Ако ја запалиш колата и ја оставиш да се загрее дур не почне на лер-гас да работи, со изгасени електрични потрошувачи, и почнеш полека да палиш еден по еден потрошувач (светла, грејач на задно стакло, вентилатори за воздух, бришачи, итн..) и после на крај го рокнеш вуферот малце појачко, ќе видиш коа има драм н бејс бас како бројот на обртаи ќе осцилира меѓу 800-900 и 500 у ритам на басот
