Епа јас да ви кажам дека и тие атести кои ги прави машински се гола вода, зошто ?? Кога пред 5 години го монтиравме плинот, и на Солекс карбураторот ставија плочка најгоре од каде ке доага доводот за плин, ама тој карбуратор немаше убаво место за да се заштрафи плочката и тие што ни ја монтираа ја стегнаа со холф штрафови и така наместена помина атест на машински. Што се случуваше отпосле ?
После одредена километража или да речам еден месец, таа се разлабавуваше и почнуваше колава да трокира, да не оди, оставена во град на плин 2 саати тешко палеше и понекогаш гасеше дури и загреана. Таткоми постојано ја затегаше, импровизираше и на крај го оштети горе грлото на карбураторот, и почна и плин да мириса во возење. Си отидовме во ченто, купивме карбуратор вебер од југо 45, го избушивме странично доле кај гаста има такво самиот карбуратор место за бушење, навртивме тука цевче за плинот колку цревото што е од распуњача, стегнавме со стега, ене го, нит мирис се осека, нит колата трокира, и од тогаш со тој карбуратор на плин го искачуваме плетвар со 3 брзина, претходно едвај со 2 теравме