И јас мислев дека мојот борд компјутер “краде“, ама не излезе така. Редовно полнев гориво кај иста компанија, на иста пумпа. Системот на пресметка и проверка дали борд компјутерот е точен, беше следниот:
Чекам да светне резерва и веднаш одам на бензинската и полнам гориво. Кога ќе се потроши, односно кога следниот пат ќе светне резерва, потрошувачката ја пресметувам рачно. При секоја пресметка ми фалеа 30-40, некогаш и 50 километри.
Последниве неколку пати полнам гориво кај друга компанија. Неверојатно, речиси и да нема грешка, некогаш малку во минус некогаш малку во плус). Единствено логично објаснување е дека на претходната пумпа малку ме поткраднувале. Обично полнев по 2.000, значи 25-26 литри, а според прикажаната потрошувачка. како да ми фалеле 1.5-2 литри. Не е коректно да кажам за која компанија се работи, но би им препорачал на сите да направат ваква проверка.