Гојдо, некако ефтино ми изгледа 605Евреи за плински уред за ТСИ. И тоа за гаранцијата сигурен си?
А башка и немам видено некој да користи плински уред на ТСИ
За цените и употребата на плински уред на ТСИ наскоро ќе дознаеме повеќе од Плимонт.
@LP
1) Квалитетен плински систем Ланди Рензо во Плиомонт за моторот од марјанот е 605 евра. Во тоа е вклучена и капалката за ладење на вентили.
2) Цените и моделите ги земав од ценовник неодамна симнат од Кадис. Без разлика дали е ажуриран ценовникот или не, поефтин е 1.4ТСИ и од 1.6ТДИ и од 1.9ТДИ.
3) Распрашај се во сите можни овластени сервиси за цените на редовните сервиси, како во однос на време, така и во однос на километри.
4) Распрашај се и за цените на деловите, т.е. за цените на дизните, бош пумпите и свеќиците.
5) 4-те дизни за системот за кој дискутираме чинат 80 евра комплет со МАП сензор.
6) Распрашај се во сите овластени сервиси што им се случува на модерните комон рејл турбо-дизел агрегати од лоша нафта. Потоа прашај колку чини најефтината поправка. И прашај дали кај нас ќе ти ги покријат тие трошоци додека е возилото под гаранција, како што тоа се прави во културните земји.
7) За какви проблеми со електроника зборуваш? Плинскиот систем си има независен компјутер и управуање. Единствено со што е поврзан тоа е сигналот на бензинските дизни. Наведи бар еден проблем со електроника кој го прават овие системи.
Не знам на кого му представува задоволство мирис на гориво освен на исклучоците ала КуореСпортиво. А ако станува збор за миризба, дизелот прави одвратна смрдеа која тера на повраќање. За несреќа кај нас се возат секакви ѓубриња, па мораш да возиш 100 метра зад секој дизел постар од 5 години.
9) За какви детонации бладаш?
Ако нешто не постои кај плинот како гориво, тоа се детоанциите. Макар да го користиш и најнеквалитетниот плин кој постои на планетава шансите да се десат детоанции се помали одошто со премиум класа на бензин. Колку за инормација, просечна плинска мешавина(пропан + бутан) има околу 108 октани. Нашиов бензин реално нема повеќе од 90 октани, фиктивните 95 и 98 се постигнуваат со додавање на вода и други адитиви.
И ако нешто овозможува плинот да се користи како гориво во дизел мотор, тоа е токму неговата висока октанска вредност, односно драстично поголемата отпорност на самозапалување под притисок, што се всушност детонациите.
10) Ако споредувам бензинец и дизел, не е точно дека неможе да се споредуваат. Бензинците имаат далеку поубава вожња од соодветните дизели. За жал, под поимот бензинец ти подразбираш САМО атмосферски бензинец, а под поимот дизел САМО турбо дизел. Седни вози атмосферски дизел, па потоа спореди го со атмосферски бензинец. Повози турбо бенизнец па спореди го со турбо дизел. Од мое лично искуство, возење на Пасат со 1.4 турбо бензинец како оној на марјанот е неспоредливо поубаво искуство во се можно одошто возење на 1.4 турбо-дизел Поло.
11) Не ти го сваќам коментарот со докажувањето. Турбо бензинците постојат со децении. Единствена разлика во однос на минатото е тоа што денес почнаа да се вградуваат турбини и во основните бензински агрегати. Тоа што некои од нив, како нови мотори не се издизајни соодветно не ги прави турбо-бензинците неиздржливи и неквалитетни. Разгледај ретроспективно колку никакви дизајни има на турбо-дизели, па потоа коментирај за 1.4ТСИ од 160 коњи, кој верувам дека ќе ти биде аргументот за оцрнување на сите турбо-бензинци.
12) Тоа со гепекеот ти е повторно неосновано бамборење. Обележи ми го делот кој го нагрдила плинската боца во мојот гепек:
http://img197.imageshack.us/img197/7900/20110413009.jpg. Пред да коментираш за резервната гума, дали некогаш си чул дека постои ваков производ
http://www.ehow.com/how-does_5009423_aerosol-tire-repair-work.html? Јас вчера си купив една воца за 350 денари. Далеку е попрактична одошто промена на тркало и не те ограничува да возиш 80км/час како мини тркалото. Единствен недостаток на спрејот е ако си доволно несреќен да ти пукне гума. А знаеш ли колкави се шансите да ти пукне нова и неизвозена квалитетна гума?
13) Точно е дека кога времето е мнгоу ладно, потребно е да се загрее моторот за уредот да префрли на плин. Но секако кога е многу ладно времето потребно е да се остави колата да поработи една минута во место за да се загрее. А ова е посебно битно кај дизел агрегатите. Па ете, таа потрошувачка на бензин додека моторот се загрее стави ја како минус од плин. Тоа никако нема да го смени фактот дека е драстично поефтино возењето на плин со турбо-бензински агрегат одошто на дизел со турбо-дизел агрегат.
14) На запад уште од пред повеќе години се нудат и продаваат нови возила кои се конвертирани на плин, секако под гаранција. Со зголемувањето на цените на нафтените дериати, производителите на автомобили почнаа да произведуваат мотори оптимизирани за работа на плин. Како пример ќе го споменам Форд кој нови бензински мотори ги има оптимизирано(компресија, регулација на палење, поставеност на вентили и материјали за нивна изработка). Но како врв на сето тоа се фабричките би-фјуел мотори на плин како главно и бензин како помошно и алтернативно гориво. Истово го планираат и останатите групации, а некои од нив можеби и веќе го спровеле.