И јас мислам дека 4,3 литри / 100км во дадените услови е феноменална потрошувачка за Спарк. Мој пријател успева со Јарис 1.0 да направи 4,5 литри од Скопје до Охрид, ама ова на Фаланга е уште боље.
Ајде и јас да се запишам со мерења:
1) Бензин зимно време:
- низ центар на Скопје на кратки релации со незагреано возило и не-економично возење: 13 литри/100км
2) Плин пролетно време:
- низ центар на Скопје на кратки релации со не-економично возење (цедење на брзините до 4500 вртежи и повеќе, кочење пред семафори, "тешка нога") : 14 литри/100км
- релација Скопје - Охрид, полн гепек, 3 патници + син ми(12 кила) со изофикс(20 кила), резервоари полни 50 литри плин и 40 литри бензин, не-економично возење, т.е. на автопат од 140 до 160км/час, на магистралните патишта од 90 до 130км/час и цедење на угорниците и кривините до степен на удобно возење, релацијата помината за 1 час и 55 минути: 10,6 литри/100км