Не знам што е невозможно? Сакаш да кажеш дека марјанот лаже дека толку му потрошила од Охрид до Скпје. Чоекот пиша дека со домаќинско возење во рамки на дозволеното потрошил 9.2 литри. Вкупно време на патување било 2 часа и 20 минути. Не знам дали застанале на пауза по пат, но на патарини сигурно изубил 10 минути со оглед на гужвата кога се враќаше од пат. Па ќе му дојде дека возел просечно 80km/h.
Од Скопје до Охрид ќе потроши малку повеќе (100-200ml) гориво поради тоа што Охрид е на 200 метри поголема надморска височина од Скопје. Ако го тргнеш додатниот товар, а тоа е жена му, син му и полн гепек ќе ја намали вкупната тежина за 15%, а тоа е 5 до 10% намалена потрошувачка на гориво. Ако вози поумерено, а тоа значи на автопат да не вози повеќе од 100km/h, да не се улетува по угорниците и потоа да кочи на кривини, сигурно ќе смали уште нешто. Така да јас мислам дека 8.5 литри е практично изводливо, за 9.5 литри не треба да дискутираме. Секако дека просечната брзина ќе биде поголема од 55km/h, претпоставка дека ќе е околу 70km/h. Со 55km/h просек нема да извадиш добра економија. (неговото возило е најекономично во последниот степен на менувачот со брзина од околу 90 до 100km/h)
Патем, ако ја изгасиш колата на удолници ќе уштедиш можеби 15ml гориво.
Како и да е, ако сакаш да се приклучиш во кладбата со Куоре, бујрум. Јас ќе го покријам твојот дел во случај да ја изгубиме опкладата. На тој начин ќе можеме да се собереме 30 луѓе и да направиме едно убаво ѓезме во Охрид. Може и да преспиеме, јас давам гајба за 15 особи.
BTW, од Скопје (Сарај) до Охрид(Даљан) има точно 168km.