Еве ги податоците кај мене
Натоварен до врв и повеќе од што треба:
21.08 33584км Скопје - натанкирана со 32.89 литри гориво
23.08 33780км Битола - натанкирана со 11.18 литри гориво
-------------------
Овде имав и 20-тина километри градска низ Скопје низ доста гужва.
Просек 5.7 литра/100км прва етапа
Од Битола возев до Врахос. Возев колку што можам по знаци.
Таму нешто градска, еднаш до Парга и назад.
После тоа повторно од Врахос до Битола на истата пумпа.
29.08.2025 34795км или 1015 километри подоцна - натанкирана со 40.91 литар гориво. Штета ми се ресетира Since refueling и не знам која ми беше просечната брзина.
Ако ми е добра математиката испаѓа дека просечна потрошувачка Битола - Врахос - Парга - Врахос - Битола (ќе занемарам неколку одења до маркет со кола во Врахос и други ситни прошетки во околината) извадов просек 4л/100км.
После полнењето Битола на 34795км, бев Охрид малку низ Охрид и од Охрид до Скопје, на борд покажа 285 километри, просечна брзина од 59km/h и 4.8l/100km.
Сега сум на 35080km.
За целата тура Скопје → Битола → Врахос → Парга → Врахос → Битола → Охрид → Скопје, просекот испаѓа дека е 4.4 L/100 km. или вкупно 65.8 литра гориво.