Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 2208838 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16335 на: 18 Август 2025, 15:24:49 pm »
Морам да признаам дека ова ми е најинтересна потрошувачка која ја следам бидејќи кај мене е ист тип на возило не хибрид и се обидувам да извадам заклучок дали хибридот е навистина поекономичен.
Математиката вели дека разликата во гориво на 100к километри би била некаде околу 3000 евра. Со оглед на поскапата цена за купување и цена за смена на батеријата која сигурно ќе мора да се менува доста дискутабилно е дали заштедуваш со хибрид. 

мене ми е интересна затоа што е шифоњер, а троши исто или помалку со да речеме 4-ката која ја имав претходно
тоа со математика што би било кога би било има премногу варијабли каде математиката ќе излезе односно нема да излезе, тука ќе биде батерија, кај друг ќе биде турбенце или двојна спојка на менувач или пукнато цревце што повлекува шлепови од странство итн. :)

познавам најмалку двајца со Тусон/Спортаж кои се незадоволни од потрошувачката, или се измотаваат или имаат сосема различен тип на возење

Тојотава низ град троши измеѓу 2,5 и 4,5 што не мислам дека е случај со било кое друго нехибрид, па и дизел возило особено не во волкав габарит

Види јас не тврдам дека тјусонот троши малку. Троши 10-11 град и 8 отворено. И пак со овие пресметки разликата во цена да ја пребиеш ќе ти требаат минимум 200к километри тука ми е целата поента на муабетот. Ова збориме без никакви дефекти и слично.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16336 на: 18 Август 2025, 15:26:19 pm »
Со оглед на тоа дека возев хибрид варјанта не би се сложил дека тишината во град е предност. Т.е. тјусонот конкретно е изненадувачки тивок низ град што нема разлика а хибридот во тојотата знаеше нагло да се вклучи и да отиде во високи вртежи што дури и побучен беше. Ова е лично моето искуство на тест возењето.

За перформанси истотака не ми значи нешто многу односно не чувствувам дека ми фали снага со чист бензин. 
На крајот од денот разликата кај ист модел е 10к евра бензин вс хибрид и ако земеме се во предвид навистина е дискутабилно дали се исплаќа да доплатиш толку за хибрид или за 15к да земеш мало градско електрично автомобилче кое повеќе ќе има смисла како комбинација за истите пари.

Се гледа дека имаш оформено мислење и нема потреба да се вртиме во круг. Разликата е дефинитивно помалку од 10к, така да и тоа паѓа во вода.

Секој со своето, јас никогаш не би купи теренче од класа на рав4/тигуан а да не е хибрид или плаг ин хибрид.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16337 на: 18 Август 2025, 15:31:33 pm »
....

Тоа е таа работа што никој не ја верува додека не ја проба. Муабетот по тестови, ривјуа и јутјуб е дека Тојота хибрид е чуден, гласен, неповрзан со брзина на мотор, брзина на пат и да се заклучи дека е досаден.

Реалноста е, не треба да промениш ама баш ништо во стилот на возење и во град имаш потрошувачка 4-5-6 на 100. На отворено, излегуваш, ставаш темпомат 135 - 145 и излегува една потрошувачка што не знаеш како се доаѓа до неа затоа што има атмосферски мотор од 2500 кубици, релативно малку вртежен момент и коњски сили на кој на отворено нит го слушаш, нит го осеќаш и ти треба многу време и поминати километри да му го фатиш тертипот кога се пали/кога се гаси на отворен пат. И на крај ти извади 6.нешто на 100 или 5.нешто на 100.

И единственото нешто што треба да се привикнеш е што не можеш да го возиш спортски/агресивно затоа што едноставно не е дизајниран за таа работа.

....

Ако треба колата да ми троши 8/9 на 100 и да има 150-160кс ќе ме мава на психа и во тој случај би возел мрсен бензин/дизел во седан/караван од типот на Мечето.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16338 на: 18 Август 2025, 15:35:43 pm »
Па реално да вистина е имам оформено мислење бидејќи ја имав дилемата и во план беше купување на плагин хибрид. Дури ставив и пуњач у гаража. И не вадам од ракав бројки разликата беше толку 10к за ист модел и оставив на варјанта да си земам нешто мало електрично во иднина со 200км градски рејнџ. Попрактично отколку да возам џип низ град. Е сега кај мене на одлукава влијаеше и тоа што имам 3 гаражи пример да имав 1 одлуката сигурно ќе беше различна.   

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16339 на: 18 Август 2025, 18:01:02 pm »
дабл пост меѓутоа морам да споделам еден не толку добар реалити чек на нашата сегашност што сега ми се деси.
Имено купив готвена храна за ручек значи не ресторан туку готвено за носење и цената беше речиси колку сумата што ја трошам за низ град гориво седмично. Кога влегов во продавница да купам и десерт сумата веќе стана поголема.

Значи ако го имам најштедливиот хибрид кој троши 0 на 100 со заштедата ќе може да си дозволам плус еден оброк во неделата. Не еден ден храна туку еден оброк!

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16340 на: 18 Август 2025, 21:58:54 pm »
Велес - Охрид (малце локал таму, возење до Инекс и назад и еднаш до Подмоље и назад) - Велес

Тргнато од Велес со 100% струја и повеќе не ја ставив во екстерен полнач. Возено на одење малце побрзо од знаци и колоните, за враќање возење до +10/20 од знаци.

If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16341 на: 18 Август 2025, 22:45:27 pm »
За ФАП,одлични бројки. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16342 на: 19 Август 2025, 00:57:37 am »
Заебан е Фапот 😁
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1862
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16343 на: 19 Август 2025, 08:16:56 am »
Top speed since refueling има ли?

Sent from my SM-S928B using Tapatalk

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16344 на: 19 Август 2025, 09:01:42 am »
Јас бев Златибор на неколку дена. Велес Златибор 7.1 возено 120 до 130 по автопат низ Србија, најчесто 120. Од Врњачка бања до Златибор како што налагаше патот 70-90. Не знаев дека има пуштено дел автопат од Чачак до Пожега па возев по стариот пат. Назад до Велес падна на 6.7 вкупната. Од Пожега до Чачак возев по автопатот, светеа знаци дека се мери просечна брзина па возев по знаци. Таму немав локал возење, граници вкупно 45мин, старт стоп исклучен, клима нормално постојано активна. Потроши малку, најверојатно поради ниската брзина на регионалниот пат, тука хибрид ќе избегаше  многу пред обичниот мотор, на автопат нема да даде гоелма разлика. Очекував околу 9 на цел круг од некои 950км.

Еве тест на Кија и Тојота со тоа што кај мене нема мајлд хибрид, а Рав 4 на тестов е плаг ин. Можеби има и на обичните верзии треба да разгледам.

https://www.instagram.com/reel/DMqDd1SIjPG/?igsh=bWhyeWVibm8xMmho

https://www.instagram.com/reel/DMnfIVeoCcE/?igsh=dWo1MzhodHRvZGg3

Спорташ хибрит

https://youtu.be/876MSu6SXKg?si=y25ElhLfhoz7uJR1

Линк до сите резултати.

https://www.fuely.info/120-km-h

Јас сметам дека потрошувачка/задоволство сооднос кај кијата е многу лош, не оди тска добро спрема тоа што го троши. Сериозно размислувам да си купам 530ка г30 фејслифт.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16345 на: 19 Август 2025, 09:11:43 am »

Зошто не размислиш да си земеш Toyota CH-R?
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16346 на: 19 Август 2025, 09:15:14 am »
Голема борба би било со сељакот во мене.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16347 на: 19 Август 2025, 09:27:26 am »
На времето кога зборев дека хибридите на Тојота можат да трошат многу, многу, многу малку во град, луѓе ме правеа ненормален. Сега се уште подобри.

и јас бев еден од нив
кога ќе го разбереш начинот на работа и кога ќе се вложиш барем малку во предвидување на движење низ сообраќај, смешно е тоа што се случува
Козле-СЦ Кале-Воен базен:

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4019
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16348 на: 19 Август 2025, 09:34:29 am »
Јас бев Златибор на неколку дена. Велес Златибор 7.1 возено 120 до 130 по автопат низ Србија, најчесто 120. Од Врњачка бања до Златибор како што налагаше патот 70-90. Не знаев дека има пуштено дел автопат од Чачак до Пожега па возев по стариот пат. Назад до Велес падна на 6.7 вкупната. Од Пожега до Чачак возев по автопатот, светеа знаци дека се мери просечна брзина па возев по знаци. Таму немав локал возење, граници вкупно 45мин, старт стоп исклучен, клима нормално постојано активна. Потроши малку, најверојатно поради ниската брзина на регионалниот пат, тука хибрид ќе избегаше  многу пред обичниот мотор, на автопат нема да даде гоелма разлика. Очекував околу 9 на цел круг од некои 950км.

Еве тест на Кија и Тојота со тоа што кај мене нема мајлд хибрид, а Рав 4 на тестов е плаг ин. Можеби има и на обичните верзии треба да разгледам.

https://www.instagram.com/reel/DMqDd1SIjPG/?igsh=bWhyeWVibm8xMmho

https://www.instagram.com/reel/DMnfIVeoCcE/?igsh=dWo1MzhodHRvZGg3

Спорташ хибрит

https://youtu.be/876MSu6SXKg?si=y25ElhLfhoz7uJR1

Линк до сите резултати.

https://www.fuely.info/120-km-h

Јас сметам дека потрошувачка/задоволство сооднос кај кијата е многу лош, не оди тска добро спрема тоа што го троши. Сериозно размислувам да си купам 530ка г30 фејслифт.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Зошто не размислиш да си земеш Toyota CH-R?

Корола Кросс фејслифт излезе сега, поразумен избор него ЦХР е, иако е нешто поскапа.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16349 на: 19 Август 2025, 09:35:51 am »
На времето кога зборев дека хибридите на Тојота можат да трошат многу, многу, многу малку во град, луѓе ме правеа ненормален. Сега се уште подобри.

и јас бев еден од нив
кога ќе го разбереш начинот на работа и кога ќе се вложиш барем малку во предвидување на движење низ сообраќај, смешно е тоа што се случува
Козле-СЦ Кале-Воен базен:

Ова генерално важи за секое возило.
Сега претпоставувам се е ствар навика но мене малку ме нервираше моментот кај хибрид кога гледаш кога се вклучува мотор кога не и ми изгледаше како малку напорно. Веројатно со тек на време се навикнуваш да ја игнорираш таа транзиција.
Од хибридна технологија би сакал нисан хтрејл кој постојано вози на струја има мала батерија и моторот е само генератор кој постојано работи. Не сум пробал но вака на хартија тоа ми изгледа идеален хибриден систем.