Продолжен викенд до Ровињ - Хрватска. Поминав 1400км со 76 литри бензин кое му доаѓа околу 5.5л/100км. Темпо Германија - 130-170, Австрија по знаци. Словенија/Хрватска 130-150. Локалот низ Хрватска по знаци.
Австрија го руши просекот, иначе ќе си беше околу 6.5 - 7 литри на 100. Јас, презадоволен.
Инаку, реално најдобра потрошувачка вади кога оддржуваш една брзина во определен интервал во зависност од топографија, услови на пат, шлепери и користење на таканаречен "heretic mode". Даваш гас, стигаш до 150-160 и малце подигаш педала на гас (симулираш помала побарувачка на сила) и во тој момент бензински мотор и електричен мотор работат спарено. Комбинирано со рекуперација на енергија, кочење без гуртни, отпуштање гас и едрење се постигнува релативно ниска потрошувачка со релативно високи брзини...
Јебига, човек мора да се занимава со нешто додека вози на подолги релации.