Вчера одев за Охрид, имав малце по „спиритед драјвинг“ стил, Mito-то ме изненади со предобриот хендлинг: мало, брзо, стабилно, весело и љуто
До Охрид, генерално е предобро за возење кога нема гужва, планините и кривините пружаат одличен драјвинг експириенс. Секако, сам бев во кола, па можев да си приуштам малку подинамично возење.
Просечната брзина од Ѓорче (ресетирав кај ФИАТ сервис Илија), до влез на Охрид беше 87км/ч. По пат немаше речиси ич гужва, и само неколку камиони од кои повеќето се погодија на места погодни за престигнување. Во ниеден момент не возев побрзо од 160км/ч, ама ретко кога поспоро од 90.
Потрошувачка... хмм... ќе ме утепаат „екологистиве“ што им трошат колите под 5л/100км

Просекот ми се наруши од Ботун до Охрид, каде се вози релативно брзо (околу 80-90км/ч), но во релативно долга колона и ретки се можностите за претекнување.
Не знам дали е легално да се спомне тука у темава

до пред Ботун беше околу 9,4л/100км, после тоа падна на 8,7.
За повеќе совети како побрзо да го потрошите вашето гориво, во следната епизода
