VW Golf Sportsvan 1.0 TSI, возено на отворено, од Франкфурт- Пореч - Скопје - Торони - Скопје - Ѓер - Франкфурт, поминати помеѓу 4-5000 км (Long-term дава помалце, не знам како функционира, едно време покажуваше околу 5500 км), многу малце возено во град.
Последново полнење ми беше во Австрија, после Виена, до горе, па после тоа се возеше околу 140 во Австрија, во Германија околу 150 или негде и повеќе кај што можеше.
У принцип задоволен од потрошувачката, колата беше товарена, на враќање до макс, клима цело време, освен 300 км низ Србија пошто беше навечер и немаше потреба.