Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 1988670 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14565 на: 18 Август 2021, 11:07:34 am »
Скопје - Фурка - Битола
650- 660 км.
7.5 л/100 км

Ставив гориво во Скопје 3 дена пред да тргнам. Возев некој си 40км низ скопје по жешко и на борд покажуваше 10л/100км.
Пред Гевгелија застанав да дополнам. Според пресметката до таму ми потроши 6.1. Малку ме изненади.

Натаму се возеше цело време со клима и доста динамично на враќање.

Џулиета 1.4 турбо.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14566 на: 18 Август 2021, 11:33:42 am »
Сеник-от натоварен фул и со клима цело време, на релација Скопје - Неи Пори - Демир Капија - Скопје покажа потрошувачка од 4,9 л/100 км.
Додека пак на релација Скопје - Охрид (заедно со локал + Св. Наум) - Ресен - Битола - Прилеп - Градско - Демир Капија - Куманово - Врање - Скопје - Куманово покажа 5,5л/100 км.
За оваа каросерија и овој мотор не може подобро  :)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14567 на: 18 Август 2021, 11:43:15 am »
Скопје - Фурка - Битола
650- 660 км.
7.5 л/100 км

Ставив гориво во Скопје 3 дена пред да тргнам. Возев некој си 40км низ скопје по жешко и на борд покажуваше 10л/100км.
Пред Гевгелија застанав да дополнам. Според пресметката до таму ми потроши 6.1. Малку ме изненади.

Натаму се возеше цело време со клима и доста динамично на враќање.

Џулиета 1.4 турбо.
А на интернет ги пиши 5 дека трошат  ;D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14568 на: 18 Август 2021, 11:54:45 am »
Ќе видам како ќе се понаша со летни гуми и после сервис комплетен.

Ама да, далеку се од 5л на отворено.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14569 на: 18 Август 2021, 11:57:50 am »
На 100/110 толку ќе виде во 6та. Ама иди ти вози 100 со 170 коњи под десна нога ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14570 на: 18 Август 2021, 11:58:00 am »
5 литри на отворено, ама до 100км/ч, а не 140/150.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14571 на: 18 Август 2021, 12:08:48 pm »
На 100/110 толку ќе виде во 6та. Ама иди ти вози 100 со 170 коњи под десна нога ;D

Во каква турбо дупка е на таа брзина во 6 та. Мртов коњ.
;D

Чудно е да возиш споро со колава. Си сака да врти.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14572 на: 18 Август 2021, 12:33:13 pm »
На 100/110 толку ќе виде во 6та. Ама иди ти вози 100 со 170 коњи под десна нога ;D
И со 64кс е невозможно да возиш 100кмч на автопат каде е дозволено 100-130кмч. Едноставно технички е неизводливо и психички непоимливо.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14573 на: 18 Август 2021, 13:02:37 pm »
Кој е маж сеа да сподели градска? ;D

Со седење во место еден саат со пуштена клима кога чекаш некој :D

Јас стигнав 10 литра со Шкодата :D

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14574 на: 18 Август 2021, 13:06:14 pm »
Градска редовно сум 10л минимално.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14575 на: 18 Август 2021, 13:09:08 pm »
Јас на Шкодата градска со клима летно време (во скопска гужва збораме) околу 8 литра ми е.

Ама во последно, кај и да одам, не ја гасам да лади климата.

BMW-то ми е 10.0 до 10.2 градска.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14576 на: 18 Август 2021, 13:11:09 pm »
Јас немам гужва како Скопје,3 семафори се во селото,ама тргни застани релации по 2км.
Да сум во Ск,15л миниум. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 531
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14577 на: 18 Август 2021, 13:24:43 pm »
@Carpathian Lord ова ми е рекорд во Скопје, Аеродром - спортска сала - Аеродром, со гужва по пат и стоење во место во парк 20-30 минути.




Иначе просечна низ Скопје без многу гужви ми е околу 7.




Еве 2 меѓуградски, Охрид - Струга, Струга - Охрид, со гужва низ Струга.

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14578 на: 18 Август 2021, 14:46:39 pm »
Кажете есап на цел резервоар, не вака инциденти. :)

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 531
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14579 на: 18 Август 2021, 15:14:50 pm »
@zeroSignal еве неколку резервоари, комбинирана потрошувачка, повеќето на отворено. Последните резервоари не ми ги префрли во апликација, некое ресетирање имаше, незнам зошто, дури и саатот ми го помести во колата.



Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html