Не сте разбрале до сега точење до капаче не е секогаш исто?! Пиштолот никогаш не застанува на истото ниво. Зависи и колку си умешен можеш после и до 2-3 литра да ставиш после првото автоматско прекинување на пиштолот. Зависи од надворешната температура кога пиштолот прекинува со довод на гориво. Од капаче до капаче ти е само грубо да добиеш некоја си долгорочна статистика за просекот, златен борд е измислен за сите други работи.
Кога мериш н од полн до празен резервоар и потоа пак до полн, на резервоар од 60-70-тина литри, и тоа како е прецизно. Дури и 2л да е разликата (иако не е до прво кликнување толку, барем кај мене не се покажало така, кај други не знам). Секако дека при помали примероци, од 10-тина или помалку литри, многу поголема грешка има, затоа и предложив барем 250-300км да се извозат, за да се намали грешката. Ако има разлика, може да има во двата правци, или повеќе или помалку да се наточи, така да шансите поради грешка да ќари Филип се исти како и шансите јас да ќарам. Но, ако имаш попрецизен метод на проверка на точноста на борд компјутерот, предложи - јас го прифаќам во случајов на опклада.