Се слагам за звукот, дека повеќе филм прави иако само брчи, ама кога гледаш дека си на 6.000 вртежи не е дека нема филм, башка дозирањето на сила со педаљата за гас е подобро, поширог опсег имаш да си играш со вртежите, ама па и дизелот си има филинг, поинаков од првиов, кога сум на некој превој, еве стража нека биде, при враќање на брзина подоле од 4 во 3 та пример, го добиваш чувството на милион долари преставено преку силата која ти ја пружа моторот во тој момент, во тој ранг од 2,500 до кај 4.000 вртежи има филинг дека асвалтот ќе го откорнеш иако си товарен па и претоварен со багаж. Нема звук, нема брчење, само брутална моќ (без мрчење за терминов, само пробувам да го доловам моментот), тоа со бензин јас не сум го осетил до сега.