Новата BMW 5 серија троши само 4.5 литри на 100 km
Штедливата крстарица ...
Види фотографии Напиши коментар
Ако некогаш и не беше многу битна работа потрошувачката на автомобилот, денес секако е, па и за оние кои тоа можат да си го дозволат.
Автомобил кој малку троши е одраз на еколошката освестеност на возачот, но тоа не значи дека тие со вишокот финансии мораат да возат во некој ултракомпактен градски автомобил. Таа теза целосно ја докажува BMW.
Баварците штотуку ја лансираа својата најштедлива лимузина серија 5-520d EfficientDynamics. Автомобилот се користи со дволитарски четвороцилиндраш кој со помош на директното вбризгување и турбополнач истискува 181 КС и 380 Nm. Но тоа е само дел од приказната.

Благодарение на системите start-stop, регенеративни кочници, активната решетка на ладилникот која се затвора при поголеми брзини, аеродинамични браници, гуми со низок отпор на тркалање и подолг финален пренос на менувачот, потрошувачката на автомобилот сведена е на само 4.5 литри на стотина километри во комбиниран европски циклус.
Ниската потрошувачка не се одразила на перформансите, па така штедливиот BMW до стотка стигнува за 8.2 секунди и јури 231 km/h.
Цената и датумот на почеток на продажбата се уште не се познати.
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=1824Eve uste edna kola od 1.8 toni so 180, luksuzna limuzina sto trosi pomalku od na LP COrsata. Jas nikogas ne bi mozel za izvadam prosek od 4.5.