Според
US Energy Information Administration, над 60% од струјата во Америка се добива од гас/јаглен. Нешто под 20% од нуклеарни централи, и (импресивни) скоро 15% од обновливи извори.
Е сега.. Сме го правеле муабетов - сè додека електричната енергија доаѓа од „традиционални“ извори, тогаш не го намалуваме загадувањето, туку само го дислоцираме, а со полнење коли на струја на традиционална електрична мрежа само дополнително ја оптеретуваме мрежата.
Од друга страна - ако живееш во некоја америчка држава со многу сончеви денови (рецимо, Аризона, мислам дека имаат околу 300 сончеви денови годишно) и монтираш доволно соларни панели за да ја полниш колата сам, секој ден, then by all means - go for it.
Сега за сега, мене електричните возила (барем ваквите, амбициозните, кои имаат цел да заменат традиционално сенаменско возило) ми се само убав сон. Тесла ветува 500 км со Long Range верзијата. Реално, би очекувал околу 300-350 км - што не е лошо, by any measure. Ама сепак не е доволно. Не е доволно сè додека полнењето трае саат време, макар и на Supercharger.
Кај електричните возила остануваат двата фундаментални проблеми - автономија и брзина на полнење. За да бидат масовно прифатени, треба да се среди тоа. Па да се среди цената, па здравје, да се префрлиме сите на нив. Во меѓувреме, ќе останат само интересна играчка за тек-хедови, early adopters, позери и еко-менталисти во заблуда (во Америка во 2016 се продадени 17.5 милиони нови возила, а само 160.000 биле EV/PHEV).
Ние, останатите, ќе продолжиме да си возиме на рафиниран сок од диносауруси уште некое време.