...
И пак не кажа зошто ја спореди со XL1. Единствена причина што ја препознавам е неразбирливата потреба да се навреди нешто што е различно од твојот став за идеално возило. Или можеби затоа што не работи на црвена нафта и прегорен зејтин?
Тесла S е одлично возило, без разлика на тоа кој ти мислиш дека го спонзорирал или лобирал за неговото појавување. Не е првото успешно целосно електрично возило, но е првото луксузно електрично возило. Веројатно таму ја наоѓаш споредбата со гризнатото јаболко.
XL1 не е луксузно возило, ниту пак е планирано да се произведува сериски. Тоа е прототип кој решија да го продаваат во ограничена серија за многу пари. Разликата во перспектива во однос на Тесла S е во тоа што технологијата која се наоѓа во ХЛ1 е применлива веднаш во сите класи на возила, од секој ценовен ранг. Батериите кои се во Тесла сеуште се премногу скапи и тотално неприменливи во нормални возила поевтини од 30000 евра.
Лесно е да се збори, тоа е иднината и да живееме во облаци, но треба уште многу работа за таа технологија да стане секојдневие. Во меѓувреме, ние обичните смртници ќе мора да се задоволиме со возила што поминуваат 100 км со 2 литра гориво.
Значи мојот став на возило е таков да тоа треба да троши многу малце, да не се расипува и да не е претенциозно кон горивото што се сипува во него. Сепак не живееме во Германија и зборам согласно нашите услови и реалноста.
Тесла е првото комерцијално електрично возило во кое има многу иновации. За жал конзервативците од Германија (сум бил таму и сум имал контакти со многу луѓе од техничката сфера) немаат креативност и се премногу ограничени и затоа се такви. И јаболкото Аппле-то исто така направи револуција со нивните производи кои се од своја страна едноставни и лесни за користење и буквално доведени до совршеност. Тоа е моментот. Тесла има едноставен концепт без да применува веќе видени и неуспешни хибридни решенија кои само го усложнуваат возилото и паѓа неговата доверливост за сметка на т.н. намалување на емисијата на издувни гасови.
Кај Тесла гасовите се нула. Електричната енергија е најчистиот извор на енергија и коефициентот на полеезно дејство кај електричните мотори е највисок за разлика од оној на бензинските или дизел моторите.
Принципот е едноставен. Ја нема зависноста од бензинот и нафтените деривати кои се под контрола на стиснатите алчни араби т.е. Опек.
Тој хибриден прототип на Волксваген во кој обичните смртници се крстат нема иднина. Колективната свест говори јасно преку акциите на берзата на Тесла. Или пак на Аппле за компутерската индустрија.
Европа поготово северниот дел: Данска, Шведска, Норвешка се земји кои се екстремно чисти и сакаат чиста околина. И токму таму дебитираше Тесла.
Исто како и Аппле-то на пример кој не е најбрз телефон но е наједноставен и најстабилен. Најскап е и најпродаван.
Иднината не припаѓа на дежа ву решенија (Тојота го има хибридот и пред Волксваген, ПСА исто така).
Од конзервативна нација не можеш да очекуваш иновации.
За твое инфо компјутерот беше измислен проектиран и развиен во Америка (зборам за микропроцесорските системи). Првиот транзистор беше измислен токму во Америка.
Чисто за илустрација на модерна нација и конзервативна нација (како Германија).
Инаку кога тврдиш дека технологијата на прототипот на Волксваген е применлива во сите типови на возила, таа постоеше и многу години пред да се појави овој прототип кој искрено е една инженерна недоумица.
И ГМ (американците) лансираа Шевролет Волт кој троши 1 литар на 100 Км. И доста е подобар покомотен, подоверлив и поедноставен од XL1. За пола цена. Волт е електричен автомобил и погонот е електричен (прост) а има мал бензински мотор кој по потреба работи да ги дополни батериите.
И нормално векје цените на колите доволно отидоа во плафон во последниве 10 години (се правдаат со инфлација ова она) а материјалите се значително поефтини него пред 10 или 20 години. И мора да се изнајде нова технологија за натамошен раст на цените на возилата зашто така компаниите остваруваат профити.
Германците направија прототип на електрично Ауди А2 што поминуваше по 600 километри со 1 полнење на батериите.
Што се однесува до батериите тоа е финалната работа. Нешто се закочи кога пропадна најголемиот производител на батерии 123. Но и кинезите не спијат. Интензивно се работи и верувам дека цената на батериите наскоро ќе падне и тоа доста.
Кажи ми кое возило што се продава моментално на пазарот троши 3 литра гориво (а да не е преполно со електроники и компјутери) и да може да има широка толеранција на квалитетот на горивото. Такво возило нема. На хартија пишува 3 а во реалност се 4 а може и 5 литри.