Автор Тема: Електрични автомобили и хибриди  (Прочитано 857485 пати)

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7410
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3810 на: 18 Ноември 2026, 17:48:42 pm »
Не ми се смета ништо во работно време, едноставно таква е работата во вакви фирми, некогаш се завршува за 6-7 часа (ееептен ретко), а најчесто работното време е 10-12 часа од понеделник до петок (сабота е екстра) и платата е фиксна нето.
Еве веќе две години менувам работа и никако да сменам (сменив само газда за подобра месечна плата од 400€, си останав на истиот реон), а особено зимно време е ужас.

Како и да е, да не бегаме од темава.
« Последно менување: 18 Ноември 2026, 17:55:06 pm nestor04 »

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4512
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3811 на: 27 Ноември 2026, 14:44:17 pm »
ВАГ почнал да го продава фулл хибридот. Можел да работи и само како генератор и да ги движи тркалата, зависи од потребите на возачот.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4142
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3812 на: 27 Ноември 2026, 21:58:02 pm »
Не ми се смета ништо во работно време, едноставно таква е работата во вакви фирми, некогаш се завршува за 6-7 часа (ееептен ретко), а најчесто работното време е 10-12 часа од понеделник до петок (сабота е екстра) и платата е фиксна нето.
Еве веќе две години менувам работа и никако да сменам (сменив само газда за подобра месечна плата од 400€, си останав на истиот реон), а особено зимно време е ужас.

Како и да е, да не бегаме од темава.
А тоа електричното како се понаша товарено 2 тона пример?Дали би имало снага?Колку би терала на таа тежина батеријата?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7410
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3813 на: 28 Ноември 2026, 07:46:58 am »
Имаше ееептен снага, можеби три пати повеќе од дизелот, двете во сообраќајна се 140кс. На тргнување мораше да пазам зошто убаво наредените пакети (200 на број) се тркалаа… Најмногу што го товарив беше 1,500кг зошто беше покусо од другите (L2 наместо L4). Многу брзо забрзува, но крајна брзина му е 120, некогаш ни камион не може да претицаш за разлика од другите кои слободно одат 160. Батеријата од 100 до 0 траеше 270км.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30679
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3814 на: 28 Ноември 2026, 12:18:03 pm »
Ако пишува дека има 140, тогаш има 140. Најверојатно има и сличен вртежен момент, само разликата е дека коњите и вртежниот момент се достапни од нула, па имаш чувство дека има 3 пати повеќе сила.

Кај електрични возила товарењето не влијае премногу на дометот - и така се веќе тешки.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33669
  • Таков е животот... јебига
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3815 на: 28 Ноември 2026, 12:50:41 pm »
Ако пишува дека има 140, тогаш има 140. Најверојатно има и сличен вртежен момент, само разликата е дека коњите и вртежниот момент се достапни од нула, па имаш чувство дека има 3 пати повеќе сила.

Кај електрични возила товарењето не влијае премногу на дометот - и така се веќе тешки.
Плус рекуперацијата генерира повеќе електрична енергија затоа што има повеќе кинетичка енергија.
Ем повеќе троши при забрзување, ем повеќе при крузање заради поголем притисок врз гумите и повеќе отпор ама и повеќе рекуперира.