Ете види го видеото од погоре, BYD Seal e 15к фунти поскап од Тесла модел 3. Притоа е помалце ефикасен и според батките внатре мириса на ефтина пластика.
Океј тоа, има и ппдобра и полоша конкуренција. Ама јас збoрувам во глобала за цела кинеска автоиндустрија, не само за електрика и BYD. Него општо, и за возила со фосилни горива. Пример овај Chery Tiggo 8 Pro ја јади конкуренцијата од глава до нозе. За 30к еу добиваш вселенски брод од технолошки аспект а и одлично возило за daily. За разлика од конкуренцијата, еве европската, сето тоа што го има Chery, Geely, Dongfeng, Forthing и другиве, со ваква опрема нема што нема, ќе ти го наплатат 3х повеќе, ако овај е 30к еу, овие од еу ќе бидат 50-60к еу. Зошто овие сите тие технолошки манири, мора да ги купат од надвор, од Кина еве, и нив тоа ги кошта, а Кина си го има дома, внатре и е, не се расфрла со пари надвор, и кога ќе го финализираат производот, по сите математики за 30к еу да го продадат не се во загуба, а германецот за 30к еу е во загуба. Прво мора тие да обезбедат струја и енергенси за да работат фабриките нивни, а Кина брзо потесно може да ги трансфорнира на соларна сончева енергија, од хидро централи, термо и нуклеарни централи, еве сега имаат и вештачко сонце направено. Они се друг свет, колку што се технолошки пред сите 100 години, никој друг нее. Западот тоа го знае, ја знае опасноста. И затоа и ЕУ производители формираат алијанси за обединување, Стелантис, Франција и Италија, итоа со поддршка од владите и европската комисија, колку и да бидат во загуба, пак ќе се крепат некако, Фиат во загуба, Пежо ќе надохади или обратно, а ако е само Фиат или само Пежо, постои опасност од пропаѓање, и башка од Брисел измислуваат некои закони вакви такви. Исто беше и со јапонците и корејците, ЕУ ја виде опасноста од нив пред 30години, и измисле порез и царина штом нее ЕУ производ, дупла цена на порез. Е арно ама овие му дојдоа тука, на европско тло, итоа отворија фабрики во земји од не некој висок економски ранк, од типот на Чешка, Словачка, Полска, Маџарска, Туркије (иако онаа нее во ЕУ ама имаат трговинско партнерство со ЕУ), и пак се успешни, се носат со конкуренцијата и подобри. Е така ќе биде и со кинезиве, полека ќе им дојдат пред нос.
Силата од истокот не може никој да ја запре. Што направи западот во Русија? Си заминаа, ги продадоја фанбриките за 1 евро. Му направија услуга на кинезите, влегоја на широка врата, сега тие се главни на рускиот пазар. Во Латинска Америка исто се шират, благодарение на БРИКС уште полесно, Бразил веќе вози кинези. Лани 20% од пазарот на Мексико бил само кинески возила. Азија веќе и таму е слично, а пополека влегуваат и во Европа.
Тој мајндсет што ни го сервираше.западот демек општо познато е дека кинеските производи се не квалитетни, заврши. Перењето на мозокот е при крај. Тие самите отвораат фабрики во Кина, ти продаваат Ајфони, Тесли од таму, а ти велат Кина нема квалитет, ахм добро. Ама "америчка лиценца" биле. Ок.