Баш пред некој ден го разгледував истражувањето.
Како и секој друг тест правен во контролирани услови, едни резултати се добиваат во тие контролирани услови, други резултати се добиваат во реално секојдневно возење во кое има мал милион параметри кои можат да влијаат.
Ако некој сака малку подетално да го ѕирне истражувањето,
може да ѕирне тука.
Првата разлика е дека WLTP мерењата се прават на рута долга 23.35 километри, овие правеле тестирање на „relatively short round-trip distance covered (55km)“. Просечен commute во Германија е помалку од 20 километри, во Австрија е мислам околу 25. Нормално дека кога ќе ги споредиш резултатите не се исти - исто како што WLTP резултатите би биле поинакви ако WLTP тестирањето е 55 километри. Повеќе трошело него на WLTP. Па да де, се потрошила батеријата, нормално дека повеќе бензин ќе потроши и повеќе ќе загадува.
Понатаму, дури и на ваквото мерење, Peugeot 308 покажал 33 наместо 27 грама ЦО2 на изминат километар. Тоа е околу 3-4 пати помалку од CO2 емисиите на 1.2 турбо-блејзинецот. BMW-то покажало 112, пак значително помалку од 330i (споредувам со 330i пошто возеле 330e) кој исфрла околу 150 грама.
Најсмешно ми е кога ќе почнат да зборат „ама волку троши ако не ја полниш батеријата.“ Да купиш PHEV и да не ја полниш батеријата е ко да купиш електрична штрафилица, ама рачно да штрафиш со неа. Или машина за перење алишта, ама рачно да го вртиш барабанот. Или количка на батерии за детето, ама рачно да ја буткаш количката низ маало.
Односно, аудио-визуелно: