Не знам зошто воопшто се прават плагин хибриди, кога тера без полнење оти да го полнам.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Нека е хибрид ама без штекер, или целосно електрично, сакаш неќиш ќе го полниш.
А реално:
- Абе знајш треба малку еколошка фирмава да ја направиме, да ја претставиме на интернет како се грижиме за околината, бла бла бла,...
ама скапи се електричните, а и не можиме да ги возиме многу, што има следно?
- Плагин хибрид
- Одлично, тераме на фосил, а изгледаме еко!
Видиш како знаеш. Затоа целата поента е да се направат неплагин хибриди, лесни возила, со лесен карбонски футпринт, со лесен мал економичен мотор, со лесна ултра мала батерија, можеби со кондензатори, можеби со механички хибриден систем, кои ќе бидат сипај-вози, а ќе се чисти, фини и лесни за употреба. Најголемиот проблем е што сеуште се труцкаат со регенеративното кочење, кое треба да се утилизира 99%, со соодветни системи, а не да се завркаваат и да е ставено ради реда.
Еве го Свифт на пример. Кола која во реалност кошта малку, кола која во реалност има страшно мал карбонски футпринт, кола која има мал ефикасен мотор, кола која има ултра мала и лесна батерија, кола која тежи околу 900кг, која има некакво решение за да понуди фантастична реална потрошувачка на транспортниот систем како систем. Да, не е плагин, не е млагин, неможеш да се фалиш пред другите дека кабел влечеш за да ја полниш, неможеш да кажеш дека има 2 мотора, 2 трансмисии, што се не. Ама ако е муабетот за екологија? Ги пердаши ко малди мајмуни. Ако е за задоволство на купувачите? Сол ги прави. Ако е за реално што треба да се бутка - има опции.