Што не се најде некој нормален да рече „океј, да ставиме ваков хибриден систем во Панда, фабрика нема да можеме да затвориме, ќе се потепа народ редици ќе чекаат пред салони“.
Импресивна потрошувачка, и ценава ваљда е океј, веќе изгубив осет што е нормално во поглед на цени.
Дефинитивно би сакал да видам вакво нешто во нормална кола, за да може нормална раја да ја размисли.
Немора да е „ваков“ има сосем доволни системи
со соодвента цена на чинење (најважното!), а релативно слични карактеристики. Имено имаме такви примери како Suzuki Swift Hybrid со 90кс во шасија под 900кг и цена од 11800 евра. Исто така и понова опција е Fiat 500 hybrid кој сега беше на тест на carclub за 12800 евра, но со 69кс.
Еве ги реалните податоци од збир на корисници:


Просечна потрошувачка според корисниците на RealMPG на HonestJohn е: 4,6l/100км долгорочно.
Според spritmonitor (иако некои се внесени како гасолин, некои хибрид, некои плагин...) се на се е околу 5.5l/100км долгорочно.

За Fiatot е уште многу тазе модел за да може да се каже, ама на тестот имаше одлични бројки за градска потрошувачка. И фиатот и свифтот доаѓаат со мануелен менувач кој е одличен.
Еве и видео за возење во град, ова е со аутоматик па крева малку потрошувачка, ама сепак се гледа поентата. 4,4l/100км на таа кратка делница.