Тоа ми е малку глупо и нелогично. Не е дека се сите возила врзани на полнач во исто време, па нема место.
Јурај опфаќа само едно сценарио на употреба на ЕВ и после тврди општо дека ЕВ немале иднина, тоа е глупото во неговиот муабет.
Па ти ако живееш у центар на град каде има онолку возила колку и луѓе нема да купиш електрично возило, ќе купиш бензинец/дизел.
Ако живееш во куќа и животниот стил ти е таков да не возиш многу далеку, а возиш често тогаш ќе возиш онолку колку што имаш струја. Секој си знае како и каде живее. Ако животниот стил ти одговара на спецификите на ЕВ тогаш ќе си го купиш, ако не ти одговара тогаш си глуп ако го купиш и после плачеш како не го бивало. Истото важи и за луѓе што живеат во центрите на големите градови каде нема ни паркинг а камо ли полначи, па луѓето не купуваат никакви коли.
Јурај вели ако 50% од возачите во Загреб купеле ЕВ, тоа ќе било лудница. Па нормално дека ќе биде, затоа што тоа не е можно веднаш да се случи ниту некогаш ќе биде. Дури и ако биде така тоа ќе биде постепено низ низа години постепено а не нагло и тоа ќе се одвива онака како што налагаат условите и како прогресира изградбата на полначи. До тогаш, загрепчани ќе си возат бензинци а луѓето што ќе живеат на периферија ќе си возат ЕВ, ќе си одат во град, ќе си вршат работа, ќе се вратат дома па ќе си полнат.
Не е ЕВ за секого, у секое сценарио и за сечии потреби. Тоа луѓето се повеќе и повеќе го сфаќаат и го применуваат. Како ќе се менува ова во иднина, останува да видиме кога големиве производители ќе се шифтнат во таа насока па ќе извршат масовен притисок врз индустријата. Сега за сега сето ова е на почеток и се соочува со бебешки проблеми.
Патем, ако сака некој да го читне абстрактов на студијава ...
https://www.nature.com/articles/s41893-020-0488-7