Автор Тема: Електрични автомобили и хибриди  (Прочитано 525794 пати)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #450 на: 27 Декември 2013, 21:52:02 pm »
XL 1 e хибрид. Тесла е 100% електрично возило.
Во многу земји на ЕУ и белиот свет за хибриди се плаќа одреден данок а електричните возила (100% на струја) се ослободени од плаќање на паркинг, патни такси, симболична е регистрацијата и значително е пониска ставката на осигурање.
Башка свесните држави даваат субвенции при набавка на електричен автомобил. Некои земји и преку 10000 ЕУР. Мислам дека и се ослободени од многу увозни давачки.
Е па види сега дали таа скапаница од хибрид (технологија која нема иднина), е поисплатлива од 100% електричен автомобил. Е да и ова. Тесла автомобилите бесплатно се полнат на станиците за полнење.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #451 на: 27 Декември 2013, 22:05:49 pm »
Сеуште не ми е јасно зошто се обиде да ги споредиш

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #452 на: 27 Декември 2013, 22:13:43 pm »
Прво философијата на Тесла е буквално слична со онаа на Apple. И затоа има иднина. Тесла е можеби најиновативната компанија во авто индустријата каде досега доминираа конзервативните решенија, бензин, дизел, хибрид и по некој обид да се направи електричен автомобил.
Башка и Обама замеша прсти со финансиска помош.
Тесла го успеа она што други или не сакаа или не можеа. Најверојатно е првото ама цврстата рака на Обама и упорноста да се успее ја донесоа за кратко време на самиот врв.
мислиш дека богатите шеици немаат пари да ја купат ?
Но и да сакаат не можат. Или пак да ги купи некој од карталните компании како Волксваген.

За кратко време ќе видиме. Тука нема еколошко лоби. Но затоа иди по Скандинавија каде се е идеално чисто и подредено.
Иднината е во чистата енергија и електричните коли, автобуси, камиони.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #453 на: 27 Декември 2013, 22:26:00 pm »
Тоа што е многу мала компанија и тоа што Обама има вмешано прсти или влада некоја, е многу лоша работа. Затоа што незнаеш дали е искрена компанија која се пробива на пазарот, или е намерко креирана компанија за да пере-пари и влијае на продажбите на други возила.

Тоа ќе се дознае во истиот момент кога некој ќе ја купи.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #454 на: 27 Декември 2013, 22:38:35 pm »
...

И пак не кажа зошто ја спореди со XL1. Единствена причина што ја препознавам е неразбирливата потреба да се навреди нешто што е различно од твојот став за идеално возило. Или можеби затоа што не работи на црвена нафта и прегорен зејтин?

Тесла S е одлично возило, без разлика на тоа кој ти мислиш дека го спонзорирал или лобирал за неговото појавување. Не е првото успешно целосно електрично возило, но е првото луксузно електрично возило. Веројатно таму ја наоѓаш споредбата со гризнатото јаболко.

XL1 не е луксузно возило, ниту пак е планирано да се произведува сериски. Тоа е прототип кој решија да го продаваат во ограничена серија за многу пари. Разликата во перспектива во однос на Тесла S е во тоа што технологијата која се наоѓа во ХЛ1 е применлива веднаш во сите класи на возила, од секој ценовен ранг. Батериите кои се во Тесла сеуште се премногу скапи и тотално неприменливи во нормални возила поевтини од 30000 евра.

Лесно е да се збори, тоа е иднината и да живееме во облаци, но треба уште многу работа за таа технологија да стане секојдневие. Во меѓувреме, ние обичните смртници ќе мора да се задоволиме со возила што поминуваат 100 км со 2 литра гориво.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #455 на: 28 Декември 2013, 01:17:31 am »
...

И пак не кажа зошто ја спореди со XL1. Единствена причина што ја препознавам е неразбирливата потреба да се навреди нешто што е различно од твојот став за идеално возило. Или можеби затоа што не работи на црвена нафта и прегорен зејтин?

Тесла S е одлично возило, без разлика на тоа кој ти мислиш дека го спонзорирал или лобирал за неговото појавување. Не е првото успешно целосно електрично возило, но е првото луксузно електрично возило. Веројатно таму ја наоѓаш споредбата со гризнатото јаболко.

XL1 не е луксузно возило, ниту пак е планирано да се произведува сериски. Тоа е прототип кој решија да го продаваат во ограничена серија за многу пари. Разликата во перспектива во однос на Тесла S е во тоа што технологијата која се наоѓа во ХЛ1 е применлива веднаш во сите класи на возила, од секој ценовен ранг. Батериите кои се во Тесла сеуште се премногу скапи и тотално неприменливи во нормални возила поевтини од 30000 евра.

Лесно е да се збори, тоа е иднината и да живееме во облаци, но треба уште многу работа за таа технологија да стане секојдневие. Во меѓувреме, ние обичните смртници ќе мора да се задоволиме со возила што поминуваат 100 км со 2 литра гориво.

Значи мојот став на возило е таков да тоа треба да троши многу малце, да не се расипува и да не е претенциозно кон горивото што се сипува во него. Сепак не живееме во Германија и зборам согласно нашите услови и реалноста.

Тесла е првото комерцијално електрично возило во кое има многу иновации. За жал конзервативците од Германија (сум бил таму и сум имал контакти со многу луѓе од техничката сфера) немаат креативност и се премногу ограничени и затоа се такви. И јаболкото Аппле-то исто така направи револуција со нивните производи кои се од своја страна едноставни и лесни за користење и буквално доведени до совршеност. Тоа е моментот. Тесла има едноставен концепт без да применува веќе видени и неуспешни хибридни решенија кои само го усложнуваат возилото и паѓа неговата доверливост за сметка на т.н. намалување на емисијата на издувни гасови.
Кај Тесла гасовите се нула. Електричната енергија е најчистиот извор на енергија и коефициентот на полеезно дејство кај електричните мотори е највисок за разлика од оној на бензинските или дизел моторите.
Принципот е едноставен. Ја нема зависноста од бензинот и нафтените деривати кои се под контрола на стиснатите алчни араби т.е. Опек.
Тој хибриден прототип на Волксваген во кој обичните смртници се крстат нема иднина. Колективната свест говори јасно преку акциите на берзата на Тесла. Или пак на Аппле за компутерската индустрија.
Европа поготово северниот дел: Данска, Шведска, Норвешка се земји кои се екстремно чисти и сакаат чиста околина. И токму таму дебитираше Тесла.
Исто како и Аппле-то на пример кој не е најбрз телефон но е наједноставен и најстабилен. Најскап е и најпродаван.
Иднината не припаѓа на дежа ву решенија (Тојота го има хибридот и пред Волксваген, ПСА исто така).
Од конзервативна нација не можеш да очекуваш иновации.
За твое инфо компјутерот беше измислен проектиран и развиен во Америка (зборам за микропроцесорските системи). Првиот транзистор беше измислен токму во Америка.
Чисто за илустрација на модерна нација и конзервативна нација (како Германија).
Инаку кога тврдиш дека технологијата на прототипот на Волксваген е применлива во сите типови на возила, таа постоеше и многу години пред да се појави овој прототип кој искрено е една инженерна недоумица.
И ГМ (американците) лансираа Шевролет Волт кој троши 1 литар на 100 Км. И доста е подобар покомотен, подоверлив и поедноставен од XL1. За пола цена. Волт е електричен автомобил и погонот е електричен (прост) а има мал бензински мотор кој по потреба работи да ги дополни батериите.
И нормално векје цените на колите доволно отидоа во плафон во последниве 10 години (се правдаат со инфлација ова она) а материјалите се значително поефтини него пред 10 или 20 години. И мора да се изнајде нова технологија за натамошен раст на цените на возилата зашто така компаниите остваруваат профити.
Германците направија прототип на електрично Ауди А2 што поминуваше по 600 километри со 1 полнење на батериите.

Што се однесува до батериите тоа е финалната работа. Нешто се закочи кога пропадна најголемиот производител на батерии 123. Но и кинезите не спијат. Интензивно се работи и верувам дека цената на батериите наскоро ќе падне и тоа доста.

Кажи ми кое возило што се продава моментално на пазарот троши 3 литра гориво (а да не е преполно со електроники и компјутери) и да може да има широка толеранција на квалитетот на горивото. Такво возило нема. На хартија пишува 3 а во реалност се 4 а може и 5 литри.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #456 на: 28 Декември 2013, 01:22:48 am »
Volt ќе троши 1 литар гориво на 100 километри во оние ретки случаи кога 99% од времето се вози на струја. Во реални услови, левово јајце дека ќе троши 1 литар гориво на 100 километри.

Бујрум: http://www.plugincars.com/epa-rates-chevy-volt-93-mpg-or-60-mpg-or-35-mpg-depending-106498.html

Али како се шалташ од една тема на друга, чудо едно.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #457 на: 28 Декември 2013, 02:03:00 am »
Тесла е првото комерцијално електрично возило во кое има многу иновации. За жал конзервативците од Германија (сум бил таму и сум имал контакти со многу луѓе од техничката сфера) немаат креативност и се премногу ограничени и затоа се такви.

Од конзервативна нација не можеш да очекуваш иновации.

За твое инфо компјутерот беше измислен проектиран и развиен во Америка (зборам за микропроцесорските системи). Првиот транзистор беше измислен токму во Америка.
Чисто за илустрација на модерна нација и конзервативна нација (како Германија).

Џабе си акал до таму, кога не си успеал ништо да научиш од Германците.

Треба да ја исчистиш главата од сиот тој национализам и можеби ќе успееш малку пореално да го видиш светот.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #458 на: 28 Декември 2013, 12:03:08 pm »
Немам никаков национализам. Инаку ЕУ 90% се националисти.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #459 на: 28 Декември 2013, 12:06:54 pm »
Волт треба да е поефтина Ампера. Тоа ќе троши само 3 пати повеќе од XL1. Лесно забележлив факт.


Колата е одлична во секој случај, но главниот проблем со хибридните и електрическите возила е масивниот пад на цената на старо. Затоа никој не ги купува. Батериите ја убиваат продажната цена и исходот е јасен. Додека не се реши тоа на некој ефикасена начин нема резултати да има.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #460 на: 31 Декември 2013, 10:04:23 am »
Треба да ја исчистиш главата од сиот тој национализам и можеби ќе успееш малку пореално да го видиш светот.

Штотуку си заработи две пива и хамбургер. Бирај време и место.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #461 на: 31 Декември 2013, 10:14:57 am »
Немам никаков национализам. Инаку ЕУ 90% се националисти.

Ова е вистина. Ти гадови смрдени курви профитери само за нив си гледаат, го мразат и дупат цел свет.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #462 на: 09 Јануари 2014, 18:16:58 pm »
Што Крис вели е феноменално, тогаш мора да е добро. Chevrolet Volt:


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #463 на: 09 Јануари 2014, 18:22:42 pm »
Ја препекав колава. Се молам да зафати мајата. Страва од кола.

0.281 драг коефициент. Повеќе од Голф 7 нажалост и далеку позади CLA и S класа.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16697
  • Keep it 100
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #464 на: 09 Јануари 2014, 18:29:21 pm »
Погонот на Volt/Ampera е закон, само штета што изгледаат како шпорети на дрва.