Автор Тема: Електрични автомобили и хибриди  (Прочитано 846850 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45368
  • Il Moderatore
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3795 на: 01 Ноември 2026, 10:35:54 am »
Вчера го зедов. Renault Master E Tech 87 kWh. Турата ми е 270 км дневно од кои минимум 170 се на автопат. Поддржува брзо полнење до 130 kW (ќе морам при поминување на првите 100 километри да го ставам да полни 15-20 минути). Рејнџ со 100% батерија и градско возење му е 359км. Во околинава нормалните полначи коштаат 0.69€/kWh, додека брзиот полнач кој е 300kW на автопат кошта 0.66€/kWh.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Брее, лепота! Ја не знам што се жалиш? Уживај во тишината и не-вибрациите на работно место. Како у канцеларија да си.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 962
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3796 на: 01 Ноември 2026, 10:46:52 am »
Колку време му треба за 20-80% полнење на брз полнач?

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7361
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3797 на: 01 Ноември 2026, 11:20:09 am »
38 минути од 15-80%. Би рекол дека е помалку од 35 минути.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3568
  • Хюндай Тюсон
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3798 на: 01 Ноември 2026, 11:22:46 am »
Проблем е само ако бараш полначи. Да имаш достапни пуначи секогаш тогаш за пауза за ручек си допунуваш и си тераш како што рекоа во мир и тишина без вибрации на дизел.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7361
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3799 на: 01 Ноември 2026, 11:29:02 am »
Да, лошо е што немам близу до дома брз полнач со бесплатен паркинг. Инаку на турата имам два брзи полначи каде што возам. Инаку атракција е комбево низ Фулда, ме стопираат да прашаат дали поминува 500км со едно полнење, многу Германци возат вакви возила.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7895
  • French diamond
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3800 на: 01 Ноември 2026, 14:49:01 pm »
Колку многу електрични автобуси се накотија, ова ич не ме чуди.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7361
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3801 на: 18 Ноември 2026, 08:58:39 am »
Апдејт по извозени 3-4к км, комбето е жива катастрофа. На 5-6 степени надворешна темп. не поминува ни 250-270км, брзите полначи ми се на неколку километри од мене, па после работа морам да седам плус 1 час за да се наполни. На 200 метри од каде што живеам има полнач од 22 kWh (читај 11), паркингот не се плаќа после 18ч, но после 3 часа има т.н “тарифа за блокирање на полнач” која изнесува 6€ од час (некаде е 12€), што значи таа опција не одговара. Слободно дизел комбе за мене нема, па месечно вкупно морам да останам 20+ часа да полнам, страшно.

Полнењето кошта околу 65€ на јавен брз полнач за тие 250-270км, додека дизел комбињата трошат 50-55€ нафта. Не знам си кој памет луѓе купуваат ел. возила, буквално на пат до Минхен од 400км морам да застанам да полнам и да губам време, плус паркинзите за ел. возила се плаќаат. Сум видел неколку пати како типот доаѓа да полни, па жената/пријателот го земаат со друга кола дома…

Едит:
Просечна потрошувачка ми е 26.5 kWh/100km.
« Последно менување: 18 Ноември 2026, 11:30:28 am nestor04 »

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7967
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3802 на: 18 Ноември 2026, 10:27:52 am »
Ke си бараш да ти надокнади фирмата за ова.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2782
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3803 на: 18 Ноември 2026, 11:14:38 am »
Купуваа(т) зошто беа/се многу државно субвенционирани. Ама бизнис модел кој што треба државата да го субвенционира не е одржлив долгорочно. Како единствено возило, најисплатива опција е дефинитивно плаг-ин хибрид, особено ако имаш кај да полниш дома. Јас би зел второ возило мало електрично строго за низ град, нешто како Симо што направи.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4504
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3804 на: 18 Ноември 2026, 11:21:07 am »
ЕВ веќе имаат 37% од пазарот во Германија

Germany October 2026: BEVs up 79.5% to 37% share
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30945
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3805 на: 18 Ноември 2026, 12:00:31 pm »
Апдејт по извозени 3-4к км, комбето е жива катастрофа. На 5-6 степени надворешна темп. не поминува ни 250-270км, брзите полначи ми се на неколку километри од мене, па после работа морам да седам плус 1 час за да се наполни. На 200 метри од каде што живеам има полнач од 22 kWh (читај 11), паркингот не се плаќа после 18ч, но после 3 часа има т.н “тарифа за блокирање на полнач” која изнесува 6€ од час (некаде е 12€), што значи таа опција не одговара. Слободно дизел комбе за мене нема, па месечно вкупно морам да останам 20+ часа да полнам, страшно.

Полнењето кошта околу 65€ на јавен брз полнач за тие 250-270км, додека дизел комбињата трошат 50-55€ нафта. Не знам си кој памет луѓе купуваат ел. возила, буквално на пат до Минхен од 400км морам да застанам да полнам и да губам време, плус паркинзите за ел. возила се плаќаат. Сум видел неколку пати како типот доаѓа да полни, па жената/пријателот го земаат со друга кола дома…

Едит:
Просечна потрошувачка ми е 26.5 kWh/100km.

Оди на полначите што ти се блиску. Три саати нека полни со 11 kW, ќе наполни околу 30-тина kWh, односно ако не грешам, околу 40% од батеријата. Следниот ден и така треба да застанеш некаде да полниш, ќе дополниш колку што треба.

Батеријата полни ја од 15% до 80%, да речеме. Последните 20% се полнат значително поспоро. Не губи време.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7361
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3806 на: 18 Ноември 2026, 12:06:58 pm »
Од 15 до 100% полни за 1ч или 1ч и 10 минути во најдобар случај на брз полнач (300-400кв е полначит а поддржува полнење до 130 кв). До 80% полни екстремно брзо околу 30-40 минути, а од 80-100% полни уште толку…
Сум пробал да излезам со 80% батерија, ама не одговара така, треба да полнам на сред тура, а со 40 нема шанси… некогаш со 100% батерија излегувам и при крај ми остануваат 20%, т.е морам да полнам за да си појдам дома (уште 90тина км)…

Те разбирам што сакаш да ми посочиш, ама временски сум ограничен во тек на работното време (колку толку) и не можам да полнам подолго од 20 минути.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3568
  • Хюндай Тюсон
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3807 на: 18 Ноември 2026, 12:37:23 pm »
Фирмата треба да си има полначи и на крај на смена да оставиш празно возило да уштекаш и да си идеш дома. Утредента да си земеш полно возило.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7361
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3808 на: 18 Ноември 2026, 12:47:43 pm »
Тоа е решение, сакав да го предложам на фирмата субконтрактор (во чија сопственист се комбињата) бидејќи им следуваат субвенции и бесплатно полнење од страна на главната компанија, па да ми се плаќа само бензинот до работа (150тина евра месечно наместо да дава 65€ за полнење секој ден), ама моментално се 6 полначи, а околу 100 возила од кои 20-30 се електрични и полначите се зафатени постојано…

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4784
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3809 на: 18 Ноември 2026, 17:37:09 pm »
Ако е така тогаш многу лош избор направиле на комбиња за работата која треба да ја завршат. Ако не се тера работно време без да полниш, тогаш логиката е утната. Времето за полнење ти го рачуна како работно време? Ако да, треба да ти ги оптимизира пратките за да немаш прекувремени. Ако не ти ги рачуна, барај си друга фирма.