Автор Тема: Електрични автомобили и хибриди  (Прочитано 627814 пати)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4074
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3555 на: 17 Октомври 2025, 10:06:48 am »
Додека барел нафта е под 60$ во 2025та :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30115
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3556 на: 17 Октомври 2025, 11:19:33 am »
https://off.net.mk/vesti/svet/plag-in-hibridite-zagaduvaat-kako-benzincite
Ова нешто како "Дизелгејт"  испаѓа.😁

Ништо чудно, пошто не се користат како што треба. Ако ти текнува, на времето на Топ Гиар турија Приус да врти кругови заедно со М3. Пошто Приусот беше многу надвор од својата комфор зона, за разлика од М3 што е направена за таков вид на експлоатација, секако дека Приусот многу повеќе се измалтретира, потроши повеќе гориво и генерираше повеќе штетни гасови.

Напукаа едно чудо фирмовски плаг-ин Шкоди (и слични) кои и онака не ги ставаат на пуњач, пошто нели, зашто би. Секако дека не помага тоа што се со никаков електричен досег и мизерен бензинец што ќе мора да влече батерии. Уште поише што и онака мамето им го плакаат на фирмовските аута, па еве, сумарно земено, повеќе загадуваат од регуларните бензинци и/или дизели. Мислам дека многу подобро ќе беше, флотните возила да си останат дизели, ама ете.

Уште побезобразен и попедерски потег е поскапувањето на струјата на пуњачи...

„Купувајте електрични возила“, „Бла бла помали даноци“, „Бла бла субвенции“, „Бла бла кур се тресе...“ ...
Кога ја земав картичката за пуњачи (негде јануари 2024), цената беше помеѓу 15 и 20 центи по кВч. Сега е помеѓу 65 и 90 центи по кВч. Дополнително што на некои паркинзи не е соодветно обележано, дали покрај струјата, треба да платиш и за паркинг местото, па може и да си добиеш казна за неплатен паркинг.
Претходно барав каде има пуњачи кога посетував некој град. Веќе поодамна не го правам тоа, пошто нејќам да се замарам... Дали е вклучен паркингот, дали не е, па кај некои оператори, мора да ја тргнеш колата после 2 саата, кај други е после 4, и после тоа се плаќа казна... Батали, си барам нормален паркинг и си паркирам таму.

Во суштина, целиот овој муабет се објаснува прилично едноставно. Добиваат службени плаг-ин хибриди, ама добиваат и службено гориво. И никој нема да се замара со полнење кога друг му го плаќа горивото. Нормално. Ама ако фирмите кажат „еве ти плаг-ин хибридно возило и еве ти еден резервоар гориво месечно, другото е твоја одговорност“, корисниците на возилата одма ќе почнат да се замараат со полнење и да го чуваат тој еден резервоар месечно за кога стварно ќе им треба. Или ако ништо друго подолго да трае.

Сме го праеле истиот муабет на форумов и претходно. Дури и слични истражувања сме дисктуирале. Не се колите криви што корисниците не ги користат правилно. Ќе се навратам на видеото со мајсторот со хилтата.


Замисли сега истражување да се појави во кое ќе кажат „џабе хилти на струја, исто се спори ко колец и чекич“.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14770
  • Пудингот на шоферството
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3557 на: 17 Октомври 2025, 11:39:56 am »
Дури и кога PHEV возеле во електричен режим, анализата покажа дека нивото на загадување било далеку над официјалните проценки. Eлектричните мотори не биле доволно моќни да работат сами, поради што за една третина од поминатото растојание црпеле помош од бензискиот мотор.

Значи не е само до не правилно користење.

@velestrumf
Нормално дека од прво дур почнат да се купуваат "течеше мед и млеко" за да после кога доволно ќе се намножат да почнат да си ги враќаат парите преку нај различни нови давачки или зголемување на првичните.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3071
  • Слобода или смрт
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3558 на: 17 Октомври 2025, 11:42:27 am »
А што правиме со она што го напиша велештрумф дека киловат го направиле 90 центи. Од старт си ги дал парите за гориво за 150к километри со тоа што си купил поскап плагин хибрид за на крај економијата да ти биде иста како да возеш чист бензин. Успат треба да се замараш да уштекуваш кабли и да чекаш цело време да се полни колата како единствен бонус.


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11076
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3559 на: 17 Октомври 2025, 11:52:38 am »
https://off.net.mk/vesti/svet/plag-in-hibridite-zagaduvaat-kako-benzincite
Ова нешто како "Дизелгејт"  испаѓа.😁

Ништо чудно, пошто не се користат како што треба. Ако ти текнува, на времето на Топ Гиар турија Приус да врти кругови заедно со М3. Пошто Приусот беше многу надвор од својата комфор зона, за разлика од М3 што е направена за таков вид на експлоатација, секако дека Приусот многу повеќе се измалтретира, потроши повеќе гориво и генерираше повеќе штетни гасови.

Напукаа едно чудо фирмовски плаг-ин Шкоди (и слични) кои и онака не ги ставаат на пуњач, пошто нели, зашто би. Секако дека не помага тоа што се со никаков електричен досег и мизерен бензинец што ќе мора да влече батерии. Уште поише што и онака мамето им го плакаат на фирмовските аута, па еве, сумарно земено, повеќе загадуваат од регуларните бензинци и/или дизели. Мислам дека многу подобро ќе беше, флотните возила да си останат дизели, ама ете.

Уште побезобразен и попедерски потег е поскапувањето на струјата на пуњачи...

„Купувајте електрични возила“, „Бла бла помали даноци“, „Бла бла субвенции“, „Бла бла кур се тресе...“ ...
Кога ја земав картичката за пуњачи (негде јануари 2024), цената беше помеѓу 15 и 20 центи по кВч. Сега е помеѓу 65 и 90 центи по кВч. Дополнително што на некои паркинзи не е соодветно обележано, дали покрај струјата, треба да платиш и за паркинг местото, па може и да си добиеш казна за неплатен паркинг.
Претходно барав каде има пуњачи кога посетував некој град. Веќе поодамна не го правам тоа, пошто нејќам да се замарам... Дали е вклучен паркингот, дали не е, па кај некои оператори, мора да ја тргнеш колата после 2 саата, кај други е после 4, и после тоа се плаќа казна... Батали, си барам нормален паркинг и си паркирам таму.

Во суштина, целиот овој муабет се објаснува прилично едноставно. Добиваат службени плаг-ин хибриди, ама добиваат и службено гориво. И никој нема да се замара со полнење кога друг му го плаќа горивото. Нормално. Ама ако фирмите кажат „еве ти плаг-ин хибридно возило и еве ти еден резервоар гориво месечно, другото е твоја одговорност“, корисниците на возилата одма ќе почнат да се замараат со полнење и да го чуваат тој еден резервоар месечно за кога стварно ќе им треба. Или ако ништо друго подолго да трае.

Сме го праеле истиот муабет на форумов и претходно. Дури и слични истражувања сме дисктуирале. Не се колите криви што корисниците не ги користат правилно. Ќе се навратам на видеото со мајсторот со хилтата.


Замисли сега истражување да се појави во кое ќе кажат „џабе хилти на струја, исто се спори ко колец и чекич“.

Другарка работи во SAP, менува возило на 3 години кое го обезбедува фирмата и ѝ плаќа гориво дополнително.
Наредното возило ѝ/им е наложено дека МОРА да биде електрично или плагин хибрид. Премногу такви возила има произведено за кои веќе нема доволен интерес и кои се туркаат преку големи корпорации.
Пробува да искамчи барем некаков хибрид независен од кабел затоа што доаѓа навака со возилото, ама во листата за избор нема такви :)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3071
  • Слобода или смрт
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3560 на: 17 Октомври 2025, 12:05:03 pm »
Во САП софија е доволно да пишува хибрид во сообраќајна. Па макар било милд хибрид. И ако не се лажам 5 години е не 3 за менување. Освен ако возилото не биде прогласено за тотална штета.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20821
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3561 на: 17 Октомври 2025, 12:33:02 pm »
Дури и кога PHEV возеле во електричен режим, анализата покажа дека нивото на загадување било далеку над официјалните проценки. Eлектричните мотори не биле доволно моќни да работат сами, поради што за една третина од поминатото растојание црпеле помош од бензискиот мотор.

Значи не е само до не правилно користење.

@velestrumf
Нормално дека од прво дур почнат да се купуваат "течеше мед и млеко" за да после кога доволно ќе се намножат да почнат да си ги враќаат парите преку нај различни нови давачки или зголемување на првичните.

Па нормално дека не биле доволно јаки, пошто еве види каков електромотор, каков МВС и колкави батерии се ставаат у рецимо Октавија или Суперб Плаг-ин хибрид (дифолт избор за флотно фирмовско возило). Електромоторот е од единечна ролетна за прозор, батеријата е ко за даљинско ипол (да не е само за едно), а бензинецот би бил океј, ако не е приморан да влече екстра тежина у облик на електромотор и батерии.
Нормално дека електромоторот брзопотезно „ќе издиши“, пошто не може да се носи со тој товар, и ќе бара помош од МВС. МВС ќе троши повеќе гориво и ќе создава повеќе штетни гасови, отколку тоа што декларирале дека ќе биде, во идеални услови на експлоатација. И така си се вртиме у круг, а обичните корисници највише го јадат стапот.

А што правиме со она што го напиша велештрумф дека киловат го направиле 90 центи. Од старт си ги дал парите за гориво за 150к километри со тоа што си купил поскап плагин хибрид за на крај економијата да ти биде иста како да возеш чист бензин. Успат треба да се замараш да уштекуваш кабли и да чекаш цело време да се полни колата како единствен бонус.

Може и полоша ќе ти дојде економијата, пошто не само што ја поскапеа струјата на пуњачите, туку и осигурањето за возилата рипна за некои 25%. Ама не, купувајте „зелени“ возила, у име на заштита на природата.

Едина предност (и тоа значителна) што ја гледам на плаг-ин во однос на електрично возило, е што и ако ти снема струја, можеш понатаму да возиш. На електро, ако ти снема струја, тоа е, си го папал. Може ќе успееш благовремено да најдеш негде пуњач, арно ама таму си се турил ФВ Шаран со кеси од Лидл да се гледаат низ задно стакло, па иди пуни струја да те видам.

Во САП софија е доволно да пишува хибрид во сообраќајна. Па макар било милд хибрид. И ако не се лажам 5 години е не 3 за менување. Освен ако возилото не биде прогласено за тотална штета.

Во Германија се менуваат на 3 години. Истекува лизинг договор, се продолжува (или потпишува нов), се зимаат нови возила на лизинг, и така, д сркл оф лајф (на фирмовско возило).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3071
  • Слобода или смрт
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3562 на: 17 Октомври 2025, 13:32:44 pm »
Абе и vmware беше мед и млеко таму дури и даваа електрични. Ама дојде броадком и скрати све трошоци и храна и све само кафе остана. Скрати и буџет на R&D од 20 и кусур на 10 проценти и целиот тим дека бев отиде у курац :D

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30115
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3563 на: 17 Октомври 2025, 13:50:51 pm »

Па нормално дека не биле доволно јаки, пошто еве види каков електромотор, каков МВС и колкави батерии се ставаат у рецимо Октавија или Суперб Плаг-ин хибрид (дифолт избор за флотно фирмовско возило). Електромоторот е од единечна ролетна за прозор, батеријата е ко за даљинско ипол (да не е само за едно), а бензинецот би бил океј, ако не е приморан да влече екстра тежина у облик на електромотор и батерии.
Нормално дека електромоторот брзопотезно „ќе издиши“, пошто не може да се носи со тој товар, и ќе бара помош од МВС. МВС ќе троши повеќе гориво и ќе создава повеќе штетни гасови, отколку тоа што декларирале дека ќе биде, во идеални услови на експлоатација. И така си се вртиме у круг, а обичните корисници највише го јадат стапот.


Полека-полека ќе се опаметат. Ќе им треба време, ама ќе се опаметат. Еве, сеа баш возев Lynk & Co 08 - 350-тина коња PHEV, од кои електромоторот е 210 коња. И многу ретко стребува бензинецот да се активира. Плус голема батерија, па има околу 170 км рејнџ (декларирани 200, ама реално...) на струја.

Не сум возел Суперб, па не знам дали е доволен електромоторот. Ама кај мене 110-те коња и (уште поважно) 350-те Nm се сосем доволни за движење низ град.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20821
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3564 на: 17 Октомври 2025, 16:46:39 pm »
Еве шуќур, видов дека се решиле да стават барем поголема батерија.

Арно ама, 1.5 ТСИ со 110 КВ (148 КС) + ЕМ со 40 КВ (54 КС)= 150 КВ (202 КС) системска моќност. Самиот електромотор е слаб дури и за тежината на основниот модел, која е цирка 1.7 тони. Поопремените модели се уште потешки, и следствено на тоа, електромоторот е уште побескорисен.

И пак се сведуваме на тоа, дека МВС не е доволно моќен, електромоторот е патетичен, а ете барем батеријата у најновиот Суперб е скоро 20 кВч (ваљда искористливи некои 17 и кусур). Од друга страна, резерварот е 45 литри, така да, не само што ќе троши повеќе, туку и ќе треба почесто да се губи време на пумпа. Комбинација, несвест.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 904
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3565 на: 17 Октомври 2025, 17:14:32 pm »
Од каде инфото? Гугл вика дека Суперб доаѓа со 85kW електромотор со 330NM, со 150kW моќност и 25,7kWh батерија.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20821
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3566 на: 17 Октомври 2025, 17:36:25 pm »
Мал brainfart, не сум прочитал све...

Според конфигуратор на Шкода у Германија, макс. моќност на електромоторот е 85 КВ, а системската моќност е уствари 150 КВ. Јас од 150 КВ системска си извадив 110 КВ за бензинецот, и така :)

Иначе да, сега видов дека 19.7 кВч е нето вредност за батеријата, не бруто. Не ми е јасно зашто тогаш системската моќност не е 110 + 85 КВ, туку е 150 КВ.
Можда е некоја виша математика што не ја разбирам.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30115
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3567 на: 17 Октомври 2025, 18:37:54 pm »
Ја ограничуваат силата, поради некои нивни причини. На пример, кај Голф 7 ГТЕ, целата сила беше достапна само во GTE режим. Тогашниот Passat GTE го користеше истиот погон како мојот Голф, а и тој е ограничен на системски 204-205. А си ги има тие 110 коњски сили кога си вози на струја.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1807
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3568 на: 17 Октомври 2025, 19:23:55 pm »
Не ме чуди од компанијата што го воведе ова: https://www.electrive.com/2025/08/18/vw-introduces-performance-upgrade-via-subscription/

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5148
  • The Spartan General
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3569 на: 18 Октомври 2025, 07:39:33 am »
Поради принципот на кој работи еДСГ менувач со три спојки, многу поважна бројка е вртежниот момент, а не силата која ја испорачува.
Истата приказна е и кај Киа/Хјундаи хибридите. Имаат релативно слаб мотор (некои си 60-80кс) со вртежен момент околу 250-300Нм.

Хибридите кај Тојота се поразлични. Електромоторите имаат повеќе сила (на хартија), а многу понизок вртежен момент поради склопката која треба да синхронизира вртежи/сила со моторот на внатрешно согорување. Освен кај Лексус 500х. Таму работи на поразличен принцип и е измеѓу моторот и менувачот.

Хибридите кај БМВ/Мерцедес и сите други што користат ZF менувачи имаат исто вграден електромотор во самиот менувач. Таму има два клучни моменти. Постојана сила/максимална сила и со тоа го дефинираат достапниот вртежен момент кој сеуште се префрла со изменувачот на вртежниот момент преку запчаниците на самиот менувач. Постојаната сила е околу половина од декларираната максимална сила и зависи од волтажата и капацитетот на самиот систем.

Кај Волво е комбинацијата по Оска. Преден погон класичен менувач, заден погон батерија, струја и диференцијал. И тука затоа најчесто се сумира целата моќност.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.