Корејскиот институт за енергетски истражувања (KIER) претстави автомобил кој работи на амонијак. Ова го соопшти корејската агенција Yonhap, која сепак не даде информации за тоа која фирма е производител на машината.
Возилото работи со мешавина од бензин и амонијак во сооднос 70 : 30. Ова гориво, барем според неговите творци, овозможува да се намали нивото на штетни гасови СО2 за околу 70%. Најголемата предност на амонијакот е дека не произведува гасови при согорување. Експертите се на мислење дека ако такво гориво се користи во 20% од сите автомобили во Јужна Кореја, тогаш нивото на штетни гасови СО2 ќе биде намалено за околу 15%, што е околу 10 милиони тони годишно.

Во KIER се на мислење дека горивото на основа на амонијакот може да се користи во сите видови бензински мотори, како што е потребно само маргинално да се модернизира системот за ладење. Најголем проблем е дека амонијакот е скап за масовно користење, но научниците сметаат дека ќе успеат да создадат евтини и брзи начини за негово производство.
http://avtoplus.mk/vesti/tehnologija/korejcite-izmislija-avtomobil-na-amonijak