Интересна темичка за дискусија се CO2 пеналите за емисија на штетни гасови.
Прво, изгледајте го видеово:
Е сега... Рори вика „да не беше Tesla, немаше да постојат Alfa Romeo и Maserati“.
Ова може и да е вистина, ама има уште една интересна работа. Tesla (до сега) има продадено (конзервативно, по бројките кои успеав со гуглање да ги најдам) CO2 „поени“ во вредност од околу 2 милијарди долари. А минатата година не само што немале профит, него имале околу 800 милиони долари загуба. Во 2018, тоа било околу 1 милијарда.
А само што налетав на бројки од оваа година.
Despite pausing production at its factories in the US and China – as most of the automotive industry has done during the global pandemic – Tesla posted a net profit of $US16 million after earning $US354 million from selling regulatory credits to rival car companies.
Колку „Тесла ги спасила Alfa Romeo и Maserati“, толку конвенционалните производители ја спасуваат Tesla.