Од играчки се почнува, па се тера нагоре. Така работи прогресот.
Затоа е многу битен Цитроен АМИ и сличните до 10900еур, а не е битен Порше Гајтан.
Па и АМИ не е баш битен, пошто не е ништо посебно, единствено цената, ама па многу губи на функционалност.
Единствено цената? Па најголем проблем кај електричниве е тоа. Отровно скапи се. По 28000евра и нагоре за најефтините. Цената е најголемата поента.
Па се, затоа што некој од височина така ја диктира цената а батериите и на пропратните елементи. Зошто ако не е цената таква каква што е со огромен price premium трансферот кон електрични возила ќе беше многу брз и нагол, па фирмиве што потрошија милијарди во развој на ICE ќе останеа со јајцата во раце. Тоа ќе се смени за пар до пет години години јас мислам. Кога ќе почнат VW сега со ID4 да растураат низ европа, Тесла со новите фабрики во Берлин, Кина и Тексас работите ќе се сменат, кога ќе искапитализираат од потрошените пари за ICE барем во Европа, нас ќе не нема за две години.
Какви 2 години електрични. Тие рејнџ неможат да направат над 300км без да тежи колата 2 тона, за две години ќе биле.
Уште mild hybrid не се освестиле да направат како Сузуки што прави веќе со години. Врвни возила под 1 тон, со млак хибрид и пред се цена како што треба. Жалосно што скоро и да ги нема кај нас.
Ќе биде за две до пет години, прилично сум сигурен. Или рејнџот ќе скокне бајаги или цената ќе падне бајаги а рејнџот ќе биде ист. А тежината јебига ќе биде 2 тона ама и хендлингот ќе биде добар. Па после со тек на време како ќе напредуваат батериите ќе се намалува, останува да видиме.
Како ќе скокне? Со пикање поише батерии?
Ова не се електрични возила. Ова се возила на батерии. Електрични возила се иднината, тука нема збор. Но возила на батерија ни случајно не се иднина.
Фасцинацијата со лажење за производство на енергија кога тогаш ќе спласне. И ќе се сфати дека уствари ИЦЕ се многу поеколошки од квадрилион батерии. Тоа барем како ентузијаст и како инженер треба да е кристално јасно.
Ако јас можам да земам еден генератор од 10-50KW (мотор), и да му додадам мал, лесен батериски дел кој ќе му ја подобри ефикасноста, нема да тежи, нема да е скап, нема да е проблематичен ќе завршам работа. Тоа е тоа. Иднината е тука. Е сеа пошто математика појма нема народ, физика па ич, ќе ги шалташ како сакаш со квадрилијарда батерии, ама да нема ауспух! Никако ауспух! Иако од свифтот излегува почист воздух од ауспух, него ли што влага во усис зимно вреѓе во Скопје, не ауспух! Иако енергетски е поефикасен и поефтин од се, и реално ако се седне математиката да се направи, тоа е тоа - не! Има ауспух! Никако тоа!
Смешки. Оние неписменине затвараат нуклеарки, за јаглен да вратат - електрични коли за 2 години. Сеј таму...