Сум пишал ама сега се сетив. Кога го купив Твингото и го регистрирав, беше ноември 2012-та и отидов одма во Мотоцентар во момин поток да ставам зимски гуми. И купувам Nokian W+ ги монтираат, и тргам накај центар, гумива свират, некоја таква гнасна бучава, веднаш кај Александар палас вртам назад под тоа подвозникот и викам вака и вака? Абе ај што се разбираш ти ми вика. !!! Маму ти ебам, кој е главен овде? Се појавува еден канаринец. Викам вака и вака, аа добро ќе ги премонтираме. Ги вадат, ги ставаат веќе поминува уште цел саат. Океј, тргам ама овој пат накај Словенечка да ги пробам. Забрзувам 80 тресат ли тресат, секое тркало. Се враќам назад абе вие ги избалансиравте гумиве? Еј заборавиле колегите, мислеле не треба балансирање. Аааааајде балансирање уште 45 минути.
Значи кретени. Два саати изгубив, на платено, на закажано, со пореметен притисок. Кретени. Сенадевам дека се оправиле и го избркале тој копукот кај Реплек што пцуе по клиентите.