Пошто балансирање на гуми е научна фантастика кај нас секогаш се решавам на потегот да имам еден сет зимски на челични бандажи и еден сет летни на алуминиумски бандажи. Арно ама последниот пат им ги носам летните на бандаж нормално веќе избалансирани за само да ги сменат со зимските. 2 минути тргнав поглед на страна и што да видам од 4 тркала, две обратно ротирани. Среќа колата беше уште на дигалка и одма ги сменија. Значи сум можел да возам со 2 обратно ротирани гуми, а најтрагично е што гумите ми се година дена стари и 5-10ккм извозени. А вие тука се буните не пазеле предни со задни да ротираат и не ги обележувале.
Од скопските продавници/сервиси за гуми имам неколку лоши искуства.
Во stop&go заради корозија на отворот за вентил на еден челичен бандаж при нови купени гуми од кај нив гумата ми издиша за 24 часа комплет.
Во Бенелукс тјунинг мислат дека diners е уствари најголемо зло и е на рамниште на просење па на нормални цени на гуми додаваат уште 25 посто плус на цената затоа што чекале месец дена да им пуштат пари од дајнерс. WTF
И од олимпико кога барав да ми дадат понуда за all season гуми добив одговори дека тигар винтера се покажала како добра и за лето WTF
До сега најпозитивно искуство имам со Мултибренд, ама па многу се чека за монтажа таму по неколку саати.