Не не, лошо се изразив, не е скината гумата, туку дупната. Резот е околу 1cm до 2cm линиски, не фали парче од гумата.
Моите се секако за менување, посебно задните две (инаку за задната станува збор), но моментално имам други трошоци, па си мислев да го одложам менувањето уште малку. Во вулканизерот ми тврдеа дека ќе немам проблеми со таа гума, т.е. со лепенката, но некако не ми е баш сигурно, немам искуство со никако лепена гума, а треба во наредните денови неколку пати да возам Скопје-Штип.
Инаку, колку се ефикасни All Season гумите? Колку е паметно да преминам на All Season?