Предности и маани за едно 1000 километри. На прво уво, доста тивки, не се осеќа никакво тркалање, како на сличуги 
По препорака од гумарот, ги земав овие со зајакнати страници, па ќе видиме.
Поминаа гумиве над 1.200 км.
Си ги вреди парите сега за сега. Видоа гумите и автопат и градска и Водно, сасо манге. Одлични се, во кривини, колку што мене и држеше г’зот да ги оптеретам, не пуштија ниту во еден момент. На доШ кочат како на суво.
Еднствена „маана“ за сега, е што очекував да бидат потивки. Не се екстрмно бучни, ама гласнички се. Пишав горе дека на прво уво се доста тивки, но претпоставувам дека тоа било заради заштитниот слој.
Едит: не пишав што гума, Hankook Ventus S1 EVO2 225/45/17